Есен 2022 во КУБА

Термин:22.11.2022-01.12.2022    

                                                                             ГРУПНО ПАТУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ                                                                                                                                                           

2 ноќи Хавана со појадок I 5 ноќи Варадеро на ALL I сите трансфери I екскурзија со ручек во Хавана I Екскурзија по долините на Вињалес I Авиобилет Скопје-Хавана-Скопје I Локален претставник I претставник 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА COVID-19:

Границите се отворени и нема рестрикции и протоколи за влез.

Варадеро – најексклузивното и најпознато летувалиште во Куба во која се уште владеат браќата Кастро, се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана и денеска е еден од најзначајните туристички центри на Карибите.

Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но, Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara), песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, Кубанските цигари , кубанската музика…

Јастози, корали, подводни карпи, риби,желки, стари бродови – се само дел од тоа што можете да го видете нуркајќи. Прекрасна работа е што температурата на водата никогаш не се спушта под 24 степени, па дури ни во зима. Идеален период за посета е од декември до месец мај .

 

Хотел 

По лице во двокреветна соба

Лице во еднокреветна соба

Трет возрасен во двокреветна соба 

1 дете до 11.99 години 

Пакетна цена со попуст за РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА до 01.09.2022 (со 100€ депозит)

1520€

1620€

На барање

На барање

Редовна пакетна цен:

1680€

1799€

На барање

На барање

1. Ден :Скопје – Истанбул
Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18.00 часот. Полетување од Скопје во 20.40 часот .

2.Ден :            Истанбул – Варадеро  

Слетување во 00.20 во Истанбул .Полетување од Истанбул во 02.10 и пристигнување во Хавана во 09.00. По завршување на пасосшка и царинска контрола, следува разглед на Хавана со локален водич на англиски јазик.  Панорамски разглед на Хавана. Разглед на новиот и стариот дел на градот во која ќе можете да видите многу интересни места познати по својата историска вредност како што се: старата претседателска палата, централниот парк, плоштадот на револуцијата, (кратка пауза), Универзитеот во Хавана. Прошетка околу стара Хавана: Plaza Vieja, Plaza de la Cathedral, Plaza de Armas, Plaza San Francisko de Asis. Ќе го посетиме градскиот музеј, Палатата на Генералите и Капетаните и познатиот бар Florida. Панорамски разглед на тврдината Morro. Ручек.

После разгледот следува  трансфер до хотел  MEMORIES VARADERO 4* на услуга ALL INCLUSIVE  . Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.

 

3. Ден : Варадеро 

Појадок. Овој ден е предвиден за слобдони активности . Можност за дополнителни ексурзии . Појадок. Можност за дополнителни ексурзии * Crucero Del Sol Excursion: Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде можете да уживате во еден ден на плажа со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со прекрасна локална флора и фауна. Кубанските пијалоци се вклучени за време на едрењето и на плажа, нуркање со прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето, слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco, ручек базиран на морска храна.

 

4 Ден : Варадеро 

Можност за дополнителни ексурзии *Излет Трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos): Панорамски разглед на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го и Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) и националниот споменик Tren Blindado. Потоа ќе продолжиме со посетата на градот Тринидад, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО, поради неговиот колонијален стил, а историјата се одржува и по неговите улици и музеите. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен кубански пијалок и други места од туристички интерес ќе бидат дел од турата. Време за ручек во ресторан во градот. Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити.   Пристигнување назад во хотелот околу 20:00 часот навечер . 

05.ден : Варадеро

Слободно време  и уживање во прекрасната плажа  . Можност за дополнителни ексурзии *Заливот Матанзас со долината Јумури: оваа екскурзија вклучува 30 минути крстарење со брод  по реката Canímar , заштитена област каде ке имате можност да  ја видете прекрасната Кубанска вегетација.Турата до заливот  Matanzas, Градот на мостовите , Ви озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости : Фармацевтски музеј, француска аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), посета на Монсеррат Хајтс, како и една од цркви во градот. Турнеја низ долината и одмор во Rancho Gaviota,каде имате  вклучено: Добредојде коктел, Посета на селска куќа и фарма, Типичен кубански ручек. Слободно време за јавање и наутички спортски активности во езерото. Посета на  Cuevas де Bellamar (пештерата Беламар), неверојатен систем на галерија од подземни камени од вар . 

06. Ден : Варадеро 

Слободно време  и уживање во прекрасната плажа  .

7.ден : Варадеро -Хавана 

Појадок. Трансфер и екскурзија. ОБИКОЛКА ДО ДОЛИНАТА ВИЊАЛЕС: Избегајте од напорниот живот на Хавана на еден ден и изгубете се во природа. Прошетајте и посетете ги тутунските плантажи во долината Вињалес, каде се одгледува најдобриот тутун во светот. Ќе видите како расте и се бере тутунот и ќе застанете во фабрика за пури за да видите како листовите од тутун се избираат по големина и арома пред да бидат рачно преработени во пури. Во долината, ќе ги цените некои од најстарите геолошки формации во Куба со нивните карактеристични ридови од варовник и подземни реки. 

Сместување во хотел Memories Miramar 5***** со услуга со појадок

8.ден : Хавана

Можност за дополнителни ексурзии * Посета на куќата на Хемингвеј со вклучен ручек. Без разлика дали сте само љубопитни за животот на Хемингвеј или сте ги прочитале сите негови дела, вклучувајќи го и наградениот роман „Старецот и морето“, сместен во кубанскиот рибарски град Коџимар, нема сомнение оваа екскурзија ќе биде прозорец кон културната и интелектуалната сцена на Куба од 60-тите. За само половина ден, ќе застанете покрај рестораните, баровите и хотелите што познатиот писател и новинар ги посетуваше за време на неговиот престој во Куба, кои се зачувани и станаа важен дел од нашето богато културно наследство.

 

Екскурзијата   започнува со застанување во модерната Finca la Vígia, куќата во која зимувал авторот повеќе од 20 години. Потоа ќе продолжите во Коџимар, рибарска заедница која писателот честопати и го заминуваше во неговите риболовни патувања. По екскурзијата со водич, ќе застанеме во ресторанот Las Terrazas, едно од омилените места на Хемингвеј во Козимар. Потоа ќе се упатитеме кон Стара Хавана за посета на познатиот бар Floridita Bar , каде Хемингвеј уживаше во своите даикири, и во барот La Bodeguita del Medio, каде што уживаше во своите мохито. Турата ќе продолжи со посета на хотелот Ambos Mundos Hotel каде што ќе ја посетите собата која Хемингвеј ја резервираше кога престојуваше во градот. Турата завршува  со вкусен факултативен ручек во еден од омилените барови на Хемингвеј.

9.ден : Хавана-Истанбул

Ран појадок. Трансфер до аеродромот во Хавана и полетување од Хавана во 10:15.

10.ден : Истанбул-Скопје

Слетување во Истанбул во 10:10 часот.Полетување од  Истанбул во 19.35 и слетување во Скопје во  20.00 часот .

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

• Авиобилет на релација Скопје-Хавана-Скопје (Со вклучен багаж)
• трансфер на релација аердром-хотел Варадаро–хотел Хавана-аердром                                                                                                          • Вклучен разглед на градот Хавана   со  ручек                                                                                                                                                            •  Ексурзија -по долините на Вињалес
•2 ноќевања со вклучен појадок во Hotel
Memories Miramar 4* ,Хавана    или сличен ;                                                                                •5 ноќевања со услуга  СЕ ВКЛУЧЕНО  во Memories Varadero 4*,Варадеро  или сличен ;                                                                                • Придружник од агенција  за време на целото патување                                                                                                                       • •Локален водич на англиски јазик 

Цената на аранжманот не вклучува :

•инидивидуални трошкови
• факултативни излети                                                                                                                                                                                               

Факултативни излети:

  • Tropicana Show – 85 $ – Цена по лице
  • Излет до трите града (Santa Clara, Trinidad, Cienfuegos)  – 98 $ – Цена по лице
  • Crucero Del Sol Excursion – 110 $ – Цена по лице
  • Заливот на свињите – 65 $ – Цена по лице
  • Заливот Матанзас  со долината Јумури – 66 $ – Цена по лице
  • Havana Tabacos (Havana + Cigar Factory) -Цена по лице:  98€  

                                                                                                                                                                   

Напомена за екскурзиите :

Факултативните излети и тури не се задолжителни ниту се составен дел од маршрутата. Се изведуваат во соработка со странски партнер, локална агенција. За реализација се потребни минимум 10 апликанти (можно е да се организираат факултативни екскурзии со помал број на пријавени со мала корекција на цената – цените може да бидат повисоки). Може да има промени во цената, датумот на патувањето, распоредот, организацијата од страна на странскиот партнер или некои непредвидени околности на кои организаторот на патувањето не може да влијае, па затоа не е одговорен за горенаведените промени. Резервираните факултативни екскурзии до дестинацијата не може да се откажат и уплатената сума не може да се врати. Факултативните излети не се покриени со гаранцијата за патување на организаторот на патувањето, бидејќи тие се реализираат од локални партнери.

Напомена :

•Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување 

Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот , агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот .
•Цената е загарантирана само доколку има уплата на  депозит   за време на резервација .

 

Рокови  за отказ на аранжманот  и пенали:

  • над 60 дена  пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот. 

Напомена:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 12
Во случај на помал број од 12 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи мала промена и ке се реализира без претставник