Маурициус 

ИНДИВИДУАЛНО ПАТУВАЊЕ ОД СКОПЈЕ

Пакет аранжман: 7 ноќевања I Авионски превоз I  трансфери

Термин : Јан.-Апр.2024;

 

Mаурициус – парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор. Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите.Маурициус … таму каде што се мешаат минатото и сегашноста … таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости … таму, каде што плажите се бескрајни … каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови.. 

 

Услуга

*По лице во двок                                                                                                                        Пакетна цена од лице :

 

Lagoon Attitude 4*

Полу Пансион

1980

 

Radisson Blu Poste La Fayette Resort & Spa 4*

Полу Пансион

1939

 

Sunrise Attitude (Ex Emeraude Beach Attitude) 4*

Полу Пансион

1775

 

Sofitel Mauritius L’Impérial Resort & Spа 5*

Полу Пансион

2719

 

Sugar Beach, A Sun Resort 5*

 

Полу Пансион

2590

 

Hilton Mauritius Resort & Spa 5*

 

Полу Пансион

2528

 

Seavilla Mauritius

 

Наем

1722

 

Pearle Beach Resort and Spa 3+

 

Полу Пансион

1843

Villas Caroline 3*

 

Полу Пансион

1950

Riu Creole  4*

 

Се вклучено

2100

Важни напомени -Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот, расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.

 

Во цената е вклучено :

  • Авионски билет на релација Скопје-Маурициус-Скопје со Turkish Airlines  сo вклучен багаж до 30кг;
  • ноќевања на соодветната база на исхрана во избраниот хотел  од табелата   за сместување во двокреветна соба;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Пречек во Маурициус од претставник на агенцијата партнер на англиски јазик;
  • Претставник доколку има пријавено 16 патници 

 

Цената не вклучува :

  • Дополнителни екскурзии на лице место;
  • Лични трошоци;
  • Патничко осигурување со Ковид покритие;
  • Тестирање на ПЦР– доколку е потребно од датумот на патување;

 

 

Неопходни докумeнти:

  • Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • За деца под 18 години кои патуваат без родители – нотарски заверка со родителска дозвола за напуштање на земјата (оригинал и 1 копија). За деца, чии родители се со различни семејства, потребна е копија од извод на раѓање на детето, во кој се запишани и двата родители.
  • (барањата поврзани со Ковид-19 се предмет на повторна потврда бидејќи е можна промена):
  • Сите патници сертификат за примени 2 дози вакцини
  • Нема медицински барања за патни имунизации.

 

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 21 дена пред поаѓање. 
  • Понудата важи за минимум  2 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување

 

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До  45-тиот се задржува неповратниот депозит од  50% од вредноста на аранжманот;

помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;

  • помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот. 

 

Забелешки:

•          Го задржуваме правото да ги менуваме маршрутите и активностите поради временски услови, технички проблеми или безбедносни причини

•          Цената е променлива и зависи од моменталната расположливост на места на авион.

•          Порано пријавување , покасно одјавување од хотелот се предмет на достапност и не се гарантирани. Официјалното време за пријавување во сите хотели е од 12:00 до 14:00 часот (во зависност од хотелот). Официјалното одјавување во сите хотели е 11:00 часот 

•          Нема   рефундирање за неискористени услуги. Не е дозволено разделување на пакетот

•          Валидноста на пасошот мора да биде 6 месеци од датумот на поаѓање

 

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.