ПАКЕТ АРАНЖМАН ДОМЕНИКАНСКА РЕПУБЛИКА од СКОПЈЕ

7/9 ноќи на ALL Inclusive +авионски превоз+трансфер

 

Одморот на Доминиканска Република е многу повеќе од обичен престој на плажа. Оваа волшебна земја има многу да понуди од погледот на културата: историски места, згради, колонијални градови како и природни паркови кои ве повикуваат да ја истражите и доживеете атмосферата на една карипска држава. Но тоа не е се. Поради својата големина, таа е една од земјите со најразновидна содржина на Карибите. По должината на брегот се наоѓаат голем број на плажи, додека пак во внатрешноста се наоѓаат лагуни, планински врвови и водопади, кои се само почеток на една приказна. На Доминиканската Република се уште постојат региони со густи дождовни шуми, пејсажни тропски езера и долги песочни плажи кои и покрај растечкиот туризам, останале недопрени и неоткриени.

Оваа прекрасна земја има на располагање плажи за сечиј вкус. Во продолжение ги издвојуваме најомилените плажи помеѓу туристите.

Плажа Бока Чика (Playa Boca Chica) – Се наоѓа на околу 30 километри источно од главниот град Санто Доминго. Playa Boca Chica е една од најпопуларните плажи во Доминиканската Република. Поради тоа истата е полна со луѓе, продавници за сувенири и штандови за храна. 

Плажа Ринкон (Playa Rincon) – Сместена е на источниот брег на полуостровот Самана. Оваа плажа е една од најубавите бели песочни плажи. Сместена е во оддалечен агол на рајот, каде што морето е топло, тиркизно и идеално за пливање. Опкружувањето е исто така извонредно, па така овде ќе наидете на кокосова шума. До плажата може да стигнете со кола (но патот е прилично нерамен, се препорачува џип) или можете да изнајмите брод во близина на Las Galerasa.

Плажа Гранде (Playa Grande) – Единствено посетителите на два одмаралишта имаат пристап на ова издвоена, широка и златна плажа, а тоа се гостите на новото одмаралиште Anamera и интимниот Playa Grande Beach Club кој го уредил њјујоршкиот дизајнер Cekerie Kemble. 

Пунта Кана (Punta Cana) – Со својот брег кој има должина од 30 километри, прочуените голф терени и семејни хотели, Punta Cana е убедливо најпопуларната дестинација во Доминиканската Република. 

Плажа Сосуа (Sosua Beach) – Се наоѓа во близина на Puerto Plata интернационалниот аеродром. Сосуа е рај за љубителите на нуркање благодарение на подводното богатство .На плажата ќе најдете продавница за суфенири, штанд за храна, продавници.. Овој крајбрежен град има и интересна историја: евреите се населиле таму по завршување на Втората Светска Војна при потрага за засолниште и да формираат заедница. И ден денес синагогата ја посетуваат нивни посетители.

Доколку барате идеален период од годината, треба да знаете дека оваа област е подложена на урагани. Периодот на ураганите трае од јуни до крајот на септемвви (особено во јужниот дел на земјата, а периодот на дождови помеѓу мај и јуни, понекогаш до октомври)

Така,најдобар период од годината за патување во Доминиканската Р. e од ноември до мај. Тропската клима и влажност допринесуваат кон тоа да субјективното чувство за температурата биде повисоко, но тој ефект го ублажува ветарот кој доаѓа откај морето. Во февруари времето е многу пријатно, но треба да имате во предвид дека станува збор за месец месец на величенствениот карневал и време кога може да видите китови.

 

Пакет аранжмани според избор на хотелско сместување на ALL INCLUSIVE :

Окт-Дек.2023

Јан-Мар.2024

Број на ноќи:

7  

9

7

9

PUNTA CANA Riu Palace Bavaro 5*

1874

2102

2144

2457

Meliá Punta Cana Beach Resort 5*

1697

1900

1947

2256

Barcelo Bavaro Beach 4+*

1697

1894

1980

2268

Majestic Mirage Punta Cana 5*

2314

2683

2598

2918

Paradisus Palma Real Golf 5*

2204

2587

2398

2959

Hard Rock Hotel & Casino Punta Cana 5*

2313

2784

2572

3001

Zoetry Agua Punta Cana 5+*

2780

3427

3098

3706

Важно – Хотелите, които сте ги избрале се со топла препорака од наша страна , но сепак на барање Ваше можеме да предложеме и дурги хотели .

  • Цената е променлива и зависи од моменталната расположливост на места на авион.

Во програмата е вклучено:

  • Авиобилет Скопје- Пунта Кана -Скопје ( со еден трансфер);
  • Аеродромски такси  
  • 7/9 Ноќевања  во хотел избран од табелата  ;
  • Услуга Се вклучено (ALL Inclusive) за време на престојот во избраниот хотел;
  • Трансфер на релација  аеродром – хотел – аеродром;

Во програмата не е вклучено:

  • Излезна такса такса (се плака на лице место ) – 20€;
  • Патничко осигурување 

Факултативни екскурзии:

  • Canopy Adventure/Zip line – 80 евра
    Островот Саона – 82 евра
    Екскурзија до Санто Доминго – 81 евро
    Пливање со делфини во паркот Манате – околу 16 евра
    Коко Бонго – 60 евра

 

Потребни документи:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6месеци од терминот на патување 

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 40%, а целосна уплата се прави 30 дена пред поаѓање. 
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До  45-тиот се задржува неповратниот депозит од  50% од вредноста на аранжманот;
  • помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 30 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот. 

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари 

Напомена:

  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 2.

Забелешки:

  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
  • При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.