Почитувани Студенти ,
Со почетокот на 2015 година би сакале да ве потсетиме за можностите што Коузон Студентскиот сервис ви ги нуди за престојното лето ( Јуни-Септември 2015 година ).
Една од најдобрите опции , секако и се` уште останува програмата за летна Студентска работа во Америка .
Оваа програма нуди многу бенефити кои се огромна предност пред сите останати опции , како да го искористите летниот распуст 2015-та.
Би сакале да Ве информираме дека во периодот јануари-март , Коузон ќе реализира 12 големи саеми за вработување на студенти за оваа Американска програма .
Нашите очекувања се дека и годинава ќе вработиме повеќе од 800 студенти ( само од Македонија).
Саемите на Американски работодавци се место каде вие ќе можете да се видите и поразговарате со вашите идни работодавци од Америка и секако место каде ќе можете да ја добиете работата и да потпишете работен договор .
Првиот саем е закажан на 14-15 Јануари ,а потоа следат 22 Јануари , 27 Јануари … па следат саеми во февруари и во март за кога се предвидени последните 3 саеми .
Во меѓувреме ќе има уште 20-тина индивидуални интервјуа преку Skype со работодавци од различни делови од САД .
Листата на работодавци е голема: имаме повеќе од 350 работни дестинации кои ни нудат 1200 работни позиции .
Изборот : каде , од кога , што ќе работите , со кого , колку долго ќе останете на работното место е ваш и само Ваш .
Нашиот тим ќе ве упати и ке ви помогне во изборот на најдобрата работна понуда за вас според вашите очекувања .
Коузон има 18 годишно работно искуство во оваа програма и верувајте ни на зборот , нема нешто што може да не` изненади .
Коузон е водечка компанија во Источна Европа за вработување во т.н Hospitality industry со свои канцеларии во 14 држави ( некои знаат да кажат „ светска компанија , а сепак наша – македонска).
За да покажеме дека можеме и знаеме ве покануваме да ни се обратите и да не` посетите во некоја од нашите 5 канцеларии во Македонија .
Доколку имате одредени прашања или барања ве молиме да ни се обратите лично .
Како менаџер на Коузон лично ви стојам на располагање : [email protected]
Comments are closed.