USA – Story Daniel Kimovski

Интервју  со …..

Даниел Кимовски – студент и освојувач на 1-вата награда на Танцот со Sвездите  “ 2014

ГО ОСВОИВ СВЕТОТ
И возев автомобили од 250.000 Долари

Даниел Кимовски , студент на Економскиот Факултет во Прилеп , млад и амбициозен Битолчанец , кој самиот се бори да ги достигне звездите.
Иако има само 22 години , стекна многу звездени моменти во својот живот . Ова пред се со освојувањето на првото место на натпреварот „ Танц со звездите 2014 “ на МРТВ во кој настапи заедно со Наташа Илиевска – ( Европскиот Шампион во карате )

Даниел Кимовски воедно е и наш студентски „ амбасадор “ кој преку учеството во програмата Work and Travel USA , ја промовира Македонија на Америчкиот континент во најдобро светло .
По 2 години учество во оваа програма ( преку Студентската агенција Коузон ) Даниел се спрема за уште едно лето во Америка . Амбицијата , како што самиот изјавува е да ја прошета и запознае и другата „ половина “ од САД и да ги види убавите предели на западниот брег .

Имавме можност да поразговараме со него и веднаш се наметна прашањето :

„ Како го освои светот “ ?

Д.К –  „ Да реално јас чувствувам дека го освоив светот , верувајте ми имам пријатели од сите страни на светот . Тоа е невидено задоволство и благодарение на W&T програмата , јас се чувствувам како друг човек. Тие пријатели ги следеа и моите настапи на „ Танцот со Звездите “ и навиваа за мене .
Америка изврши големо влијание на мене и сега мислам дека нема ни една пречка во животот која може да ме спречи да го остварам мојот сон .
Америка ми донесе многу убави спомени кои ќе останат врежани во мене до крајот на животот и незнам како но навистина е огромен благодет за секој млад човек . Јас овој благодет го почувствував и нескромно сакам да го споделам со сите студенти од Македонија и да им препорачам – ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОВАА МОЖНОСТ И ОДЕТЕ ВО АМЕРИКА. Во животот ќе имате се , но нема да ги имате овие убави студентски години и нема да ги имате незаборавните спомени од едно прекрасно поминато лето во Америка. 

 

Зборуваќи за Америка , се чувствува дека навистина сте постигнале многу , што тоа значи ?

Д.К – „ Ценам дека постигнав многу бидеќи покрај работењето , успеав да бидам активен и на спортски план со учество на неколку големи полумаратони ( како единствен македонец кој учествувал на овие трки од 21 км во Rockport, Plymouth и Boston сите во Massachusetts) .Мое лично достигнување е секако и признанието што го добив од сопствениците на фирмата каде што работев каде бев прогласен за MVP (Most Valuable Player) .
За следново лето планирам да превземам уште неколку активности и ако се биде како треба планирам да трчам и на некој од големите маратони во Америка ( Бостонскиот или оној во NYC).
Америка е држава која на секого му дава шанса , само прашање е кој и како ќе ја искористи.Јас ја доживеав Америка како држава со неограничени можности . “

Што работеше на Cape Cod – Hyannis, Massachusetts ?

Д.К – „ Работев две работи . Можам слободно да кажам дека уживав во тоа што го работев.
Првата работа ми беше во еден реномиран Хотел Newport Hotel group .
Втората работа ја најдов сам и работев на паркирање на автомобили на пристаништето во градот каде живеев . И едната и другата работа беа супер платени , но на крајот од денот тоа не ми беше толку важно , бидеќи навистина бев задоволен од тоа што го работев .Посебно втората работа , на паркингот каде можев да возам автомобили кои беа со цена и од 250.000 долари  Jaguar, Chevrolet, Dodge, Buick, Mercedes, Acura, BMW, Ford, Cadillac, Bentley, Mazda, Lincoln, GMC, Porsche, Volvo… мислам дека нема бренд на автомобил кој го немам возено !Впрочем , нели и тоа е дел од т.н American Dream .

Дали успеа да го искористиш  т.н Travel part – од оваа програма ?

Д.К – „ Во поглед на патувањата, Америка е земја која навистина има што да понуди како туристички дестинации. Јас се одлучив да го прошетам источниот брег и навистина сум фасциниран од она што го видов. Доколку ме прашате која е мојата омилена дестинација
( дури и  за постојано живеење )  јас ќе одговорам  – Бостон. Ова не само поради историјата што ја има овој град туку и можностите што ги нуди од областа на студирањето, спортот, природата, ноќниот живот, уметноста итн. Она што со нетрпение го чекав и го дочекав беше моето патување во Nantucket, каде бев кон средината на месец Август . Токму тој остров е на прво место на листата на најлуксузни туристички дестинации  во Америка. И Обама беше таму но за жал јас веќе бев вратен во Hyannis.

Како е искористено твоето време во Македонија , дали покрај студиите имаш и други работни ангажирања ?

Д.К – „ Моето темпо на живот и во Македонија е 200 на саат . Покрај секојдневните обврски на Факултетот во Прилеп ( и патувања на релација Битола – Прилеп ) активен сум како тренер во школото за модерни танци „ Темпо “ во Прилеп. Воедно соработувам и со „ Прима Данца „ од Скопје .Секако вреди да се спомене дека 5 години сум дел од организацијата на Виенскиот Бал во Скопје .Активност која бара многу ангажирање и труд .
Нема ден да немам тренинг или часови по танц. Оваа љубов кон играњето ја носам од детските денови. Посебно драги ми се спомените од освоените први места на повеќе државни натпревари во Латино-Амерички и стандардни танци .
Кога веќе споменав спомени , да упатам уште една порака до моите колеги студенти – искористе те ја можноста и учествувајте во W&T програмата . Ве уверувам дека само позитивни искуства и многу , многу убави моменти и спомени ќе понесете од престојот во Америка

За сите останати прашања и теми со задоволство би зборувал со секој од вас кој е заинтересиран да се информира нешто повеќе во врска со програмата. Можете да ме најдeте на Facebok – Daniel Kimovski,