РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА – НАШИТЕ ДЕЦА ДОЖИВЕЈАА ВИСТИНСКА ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА

„Ви благодарам што од моето дете направивте вистински човек“ – изјави мајка на студент кој беше дел од програмата за летна студентска работа во Америка 

Во многу наврати сме пишувале за искуствата и животните приказни на студентите кои биле во Америка со програмата Work & Travel, но никогаш досега не сме ги прашале родителите какви се нивните ( индиректни ) искуства со оваа програма. Иако за наши македонски прилики , би рекле дека тие се главен фактор кој одлучува дали студентот т.е нивното дете , ќе оди за Америка , за родителите многу малку се зборува, а уште помалку се пишува. 

Како и студентите, така и родителите, пред заминувањето за Америка имаат многу дилеми и прашања, а пред се несигурност и страв , што точно се случува таму, на тој далечен континент . Овие прашања ги поставивме на неколку родители на студенти кои беа во САД изминатово лето . Г-ѓа Еленица Софијанова, професор на Универзитетот „ Гоце Делчев “од Штип . Нејзиниот син Сашко, студент на Земјдоелскиот факултет на Универзитетот “Гоце Делчев” за прв прат беше во Америка изминатово лето . 

Таа ни изјави – „Навистина чувствував страв – како мојот син ќе се снајде во Америка , бидejќи тоа му беше прв пат во животот да се дели од нас на толку долг период “. 

Ф: – Што го советувавте пред да замине ? 

Софијанова: „Го советував да да биде одговорен работник, да ги почитува колегите и секогаш да се стреми кон максимално професионално извршување на работните задачи„ –изјавува Софијанова и продолжува – „Мислам дека ова лето 2014 година ќе го паметам до крајот на животот од причина што го видов моето дете ( мојот студент ) среќен како никогаш претходно. Јасно беше дека работата го исполнува и дека е задоволен од самиот себе“. 

РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА - НАШИТЕ ДЕЦА ДОЖИВЕЈАА ВИСТИНСКА ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА

РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА - НАШИТЕ ДЕЦА ДОЖИВЕЈАА ВИСТИНСКА ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА

Местото каде што работеше Сашко Софијанов (Студент на Земјоделски факултет – УГД)
 

Ф: Кои се промените што Сашко ги покажа по враќањето од Америка ? 

Софијанова: „На ова прашање имам 1000 одговори ,кои ме прават среќна и горда мајка што мојот син доживеа една огромна трансформација во позитивна смисла на зборот. Мислам дека неговата визија за иднината сега е далеку појасна и мотивот да се успее во животот е поставен на највисоко можно ниво – истакнува Софијанова и продолжува – „Искрено , програмата W&T America им ја препорачувам на сите родители , колеги и пријатели, да не се двоумат и да им дозволат на нивните деца да го искористат бенефитот од учеството во оваа програма. Мојот син повторно ќе оди за Америка следното лето и навистина сум среќна што повторно ќе биде дел од т.н Амерички сон“. 

Слично искуство има и родителот Петре Караниколов – од Прилеп. Неговиот син Ѓорѓи Караниколов ( студент на Економскиот факултет во Прилеп) изминатово лето 2014 беше за прв пат во Америка и работеше во пресижниот Јахт Клуб- во елитната зонa Montauk – Long Island . 

И него му ги поставивме истите прашања : 

Ф: Кои беа Вашите дилеми пред да го одобрите заминувањето за Америка на Вашиот син ? 

Караниколов : „Јас лично немав дилеми , но кај сопругата имаше и страв и песимизам. Ова пред се бидеќи синот претходно се немаше одвоено од нас повеќе од 15 дена и бидеќи немаше никакво работно искуство. Сепак сите дилеми ги надминавме во контакт соАгенцијата Коузон, кои во многу ни помогнаа и ни дадоа гаранција дека секако ќе успее“.- изјавува Караниколов. 

Ф:Што го советувавте пред да замине за Америка ? 

Караниколов : „Како и секој родител , така и јас го советував да биде добар работник, да се придржува и максимално да ги исполнува работните задачи. Индиректно му дадов до знаење дека треба да биде достоен претставник на Македонија” . 

Ф: Каков беше неговиот старт на работното место ? 

Караниколов: – „Како и секој почеток и неговиот беше очигледно тежок. Ова од причина што Ѓорѓи ( како и многу други студенти од Македонија ) претходно немаше никакво работно искуство. Но како и се друго во животот, со труд и желба се се учи и постигнува. Само по 2-3 недели се снајде и почна да живее и работи со голем ентузијазам и желба да биде најдобар работник“.

Местото каде што работеше Ѓорѓи Караниколов
 

Ф: Кои се промените кои ги воочивте кај него по враќањето од Америка ? 

Караниколов : „Искрено забележав голем број на позитивни промени и тоа : голема самодоверба, самостојност во извршувањето на сите обрвски, иницијативност, верба во своите можности и она што мислам дека најмногу ме радува тоа што знае да го цени заработеното и бенефитите од работата “ – ни изјави Караниколов. 

РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА - НАШИТЕ ДЕЦА ДОЖИВЕЈАА ВИСТИНСКА ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА

Ф: Што би им препорачале на родителите кои се двоумат да им дозволат на своите деца да учествуваат во програмата ? 

Караниколов : „Секако им препорачувам да им дозволат на студентите да одат за Америка и да го доживат пријатното чувство од позитивните промени што Америка ќе ги направи врз нивните деца . Сепак дружењето со колеги од целиот свет, запознавањето на различни култури, стекнувањето на реални работни навики, работењето без „поддршка од зад грб “, ќе придонесе во многу да го најдат своето место под звездите“ – ни изјави Караниколов со нескриени емоции од позитивното искуство на неговиот син во Америка. 

Дополнителни коментари на дадените изјави не се потребни. Родителите го потврдија она што студентитите го пласираат – Америка е земја во која се доживува едно ново животно и работно искуство кое придонесува за целосна трансформација на животот и погледите кон иднината . 

За лето 2015 Коузон нуди фантастични работни понуди (преку 1200 слободни работни позиции за студентите од Македонија) со Work and Travel програмата

The-American-dream_2015-1