Курс за странски јазици – летен Камп
Како дел од програмата за престој во летниот камп , децата можат да се пријават за изучување на еден од двата странски јазици кои се нудат :
- Англиски
- Грчки
Изучувањето на овие јазици е вклучено во програмата и е бесплатно.
Наставата се изведува за време на пладневната пауза од 14.30-16.00 часот
Пријавувањето за учествои во наставата може да се изврши:
- во Македонија при запишувањето за учество во кампот
- по пристигањето во кампот .
Изборот на странскиот јазик е лична определба на децата или нивните родители.
Курсевите се спроведуваат според одлични методологии за спроведување настава, иновативни технологии и со користење на најдобрите учебници за странски јазици
Квалитетот на наставата и пред се посветеноста кон работата е одлика на ангажираниот наставен кадар кој ја реализира програмата за реализација на овие курсеви
Директор на настава и органзиратор на курсевите е
Христос Скурас кој воедно и оснивач на школото и летниот камп.
Тој има 40 годишно искуство како наставник и менаџер на училишта за странски јазици. Г-дин Скурас е целосно одговорен за спроведувањето на програма но и функционирањето на Летниот камп.
Наставници
Избраните наставници кои предаваат во кампот се лицензирани професори со повеќегодишно работно искуство .
Летното училиште за англиски во кампот го следи модерниот комуникативен пристап за изучување англискиот јазик, кој предвидува користење и учење на јазикот во разни ситуации (активности,комуникација при патување, игри, театар и слично).
Со овој пристап, часовите се фокусирани кон ученикот и се многу интерактивни. Учениците имаат многу можности да го користат јазикот во секојдневната комуникација со останатите кампери но добиваат и посебни креативна задачаи кои треба да ги покажат за време на јавните настапи во кампот
Сите наставници се висококвалификувани и на повеќето од нив јазикот кој се изучува им е мајчин.
Зошто сме различни
Реално има многу фактори кои не издвојуваат пред сите останати конкуренти.
Основните предности на нашиот систем се :
- Се стремиме да го обезбедиме најдобротиот начин на изучување на англискиот јазик низ форми и содржини кои ги превлекуваат учениците за усовршување на комуникацијата на англсики јазик
- Секој ученик е посебна личност и ние го поттикнуваме неговиот идивидуален талент
- Персоналот во кампот е внимателно одбран според квалификациите и посветеноста кон работата.
Летното училиште за англиски следи модерен комуникативен пристап за изучување англиски, кој предвидува користење и учење на јазикот во разни ситуации (активности, игри, театар но и конверзација во дадени ситуации кои многу често можат да се сретнат во праксата т.е животот ).
Со овој пристап, часовите се фокусирани кон ученикот и се многу интерактивни.
Курсевите по Англиски јазик нудат неколку нивоа на изучување на англсикиот јазик .
Тие се :
- Прелиминарно (Preliminary)
- Средно ниво (Intermediate)
- Напредно (Advanced)
- Многу напредно (Proficiency)
Сертификати:
На крај од курсот , учениците ќе добијат сертификат за учество :
Најдобрите ќе се стекнат со посебни признаниа