Денес се одржа првиот саем за вработување во програмата Work and Travel USA 2015 каде што 6 работодавци од различни локации во Америка интервјуираа и регрутираа млади луѓе од Македонија.
Ана Таскова и Сара Павловска се првите две девојки кои добија работа на првиот саем на Коузон.
Ана и Сара се вработија во ексклузивниот ланец на хотели Courtyard by Marriott.
Локацијата на која ќе престојуваат во текот на летото е Cape Cod, Hyannis и е извонредна локација за прекрасно студентско лето.
На почетокот на јуни овие две девојки ќе заминат на незаборавно патување и ќе стекнат искуства надвор од границите на нашата држава.
Сега следува прибирањето на документите за понатамошната процедура на Work and Travel 2015 програмата.
Коузон тимот им посакува многу среќа понатаму и незаборавно лето !!!
Comments are closed.