Ако одговорот е ДА, тогаш сте на вистинското место.
Коузон има воспоставено систем на
– Информирање
– Селектирање
– Обучување
– Презентирање ( лично интервју со представник од бродските компании – менаџер за вработување )
Аплицирањето е целогодишно и се остварува преку две форми и тоа :
1. Посета на Коузон во една од неколкуте канцеларии во Македонија ( или регионов )
2. Он Лине аплиакција –
3. Презентација за работа на брод – задолжително присуство и услов за аплицирање
После презентацијата се добива јасна слика и одговори на многу прашања, меѓу кои најважни се: КОЛКУ СТЕ МОТИВИРАНИ ДА ЗАПОЧНЕТЕ и ДАЛИ Е ОВАА ПРОГРАМА ЗА ВАС. КАДЕ ЈА ГЛЕДАТЕ ВАШАТА ИДНИНА?
Презентациите се одржуваат во канцелариите на Коузон во Скопје: бул. Климент Охридски 58, секој вторник во 11:00 часот. За истите не треба посебна најава.
После присуството на презентацијата, може веднаш да се аплицира. За аплицирање потребно е:
– Кратка биографија на Англиски јазик,
– 2 фотографии (пасошки формат),
– Препораки од предходни работодавци ( доколку ги имате )
Со самото аплицирање започнува со вториот чекор – селекција.
Регрутерот на Коузон определува позиција за која кандидатот ќе биде одобрен да аплицира за работа на брод.
Доколку не сте квалификувани за позицијата за која сакате да аплицирате ќе ви бидат дадени препораки како ( и во што ) да го подобрите вашето знаење и ќе бидете поканети повторно да аплицирате за истата или некоја друга позиција по одреден период .
По добивањето на позиција / насока, се продолжувате кон последниот чекор, ОБУКА.
Во суштина тоа е активност каде се пренесуваат сите важни моменти за
1. организирање на документи за главно интервју со представници од бродската компанија, начин и форма на подготовка на професионално CV, форма на препораки и сл
2. Запознавање со интернационалните стандарди од областа на угостителството, со акцент на „Customer Service“,
3. Обработка на теми и содржина на англиски јазик во овие области и подготовка на кандидатот за интервју со потенцијален работодавец.
4. ТЕСТ – за утврдување на нивото на совладаната тренинг материја од областа за која се аплицирфа .
Обуката , содржи информации кои можат да се применат и за други интервјуа, вештините кои се стекнуваат се од универзален карактер. Истата треба да се свати сериозно, а не е гаранција дека ќе бидете поканети на интервју со представниците со некоја бродска компанија или дека ќе го поминете интервјуто со нив . Гаранцијата доаѓа од самите Вас, дали ке се спремите доволно или не. По обуката секој кандидат треба да најде доволно време за дополнителна самоедукација
По реализираната обука – ќе следат повторни прелиминарни интервјуа за да се контролира прогресот на кандидатите. САМО оние кои се спремни 100% да се презентираат пред потенцијални работодавци ќе бидат поканети за главно интервју со представници од бродските компании.
ВАЖНО : Никогаш и под никакви услови , Коузон ( некој од вработените во Коузон ) неможе да вети испракање на работа на кандидат без да помине интервју со представник на бродската компанија. Работната позиција на која ќе работи кандидатот је одобрува и доделува представникот на бродската компанија.
Се органзира во Скопје ( најчесто ) на кое секој избран кандидат лично низ интервју со менаџерите за вработување на бродските компании ги презентира своите знаења и желба за работа на брод, ја истакнува визијата за градење на кариера и стекнување на нови знаења.
Само менаџерот за вработување на Бордската компанија има авторизација да додели позиција за работа и да го одобри вработувањето на кандидатот за таа бродска компанија
ВАЖНО- Коузон е официјален представник на повеќе бродски комапнии и воспоставените правила се во согласност со процесите за вработување одобрени од овие бродски компании .
НАШЕТО ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ Е БЕСПЛАТНО