Кафе муабет – предновогодишни средби

Активностите на нашиот тим задолжен за т.н Customer Care – продолжуваат со несмален интензитет. Кампањата  „ На кафе со нашите студенти “со голем успех ја реализиравме во изминативе денови.

Средбите со групите на студнети кои беа во САД со W&T програмата во 2013 за нас се од огромно значење од причина што во релаксирана атмосфера и директна комуникација можевме да ги слушнеме сите  нивни позитивни коментари од Американското искуство. Не радува фактот што сите тие имаат желба повторно да бидат дел од програмата во 2014 година.
Она на што најмногу се потенцираше ( од нашите „ гости “ т.е нашите студенти ) е неспорниото ФАКТ дека оваа програма е благодет за секој студент и неверојатно вредна животна школа, искуство кое мора секој студент да го доживее.
Од средбите произлезе и интересна идеја , која ние ја поддржуваме во целост.

Оние кои за прв пат ќе аплицираат за W&T 2014 да имаат исто вакви средби со студентите кои веќе биле во САД , и тоа повторно „  НА КАФЕ СО СТУДЕНТИТЕ “ – да ги поканиме и едните и другите , каде искусните студенти ќе можат да ги поделат сите информации  и ќе  бидат нивни „ учители “  за успешен старт во Америка .
Коузон ја прифати иницијативата и од првата половина на Фебруари , овие средби „ на кафе со студентите “ ќе прераснат во традиција за нас . К еимаме редовни средби еднаш неделно …..

Се надевам дека и Вие почитувани студенти ќе не поддржите и ќе ни се придружите на овие среддби во 2014 година .