СТАРТ НА ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈАТА НА ROYAL CARIBBEAN CRUISES LINE

Денес , во тренинг центарот на Коузон во Скопје , почна првата овогодишна тренинг академија за бродската компанија Royal Caribbean Cruises Line.

Со учество на 22 кандидати од 11 држави  ( Чешка, Белорусија, Романија,Украина ,  Хрватска , Србија, Бугарија, Албанија, Турција , Босна и Херцеговина и Македонија ) ова е првата од низата на 6 Акедемии кои се предвидени за оваа 2014 година.
Да потсетиме, ROTC-Macedonia е дел од глобалниот проект на оваа бродска компанија , и втор од ваков вид во светот ( покрај првоотворениот на Филипини ) кој има за цел да ги подготви идните вработени за успешен старт на некој од бродовите на команијата.
Привилегија да бидат избрани имаат само кандидатите кои се примени за позицијата Ass. Waiter и тоа оние кои зборуваат по неколку странски јазици.

Оваа академија е под водство на искусниот ASMD  Mr. Oliver Djalevski .

На 5 дневниот тренинг , учесниците на Акеденијата ќе се стекнат со знаења од сите области поврзани со нивните работни задачи на бродовите на Royal.

Како предавачи на оваа Академија ќе се појават и Mr. Lorenzo Davidoiu  ( Мanager, Restaurant Operation ) and Mr. Gianluca Corneli ( Newbuild Food & Beverage Director  ) кои ќе го пренесат своето знаење на новопримените Ass. Waiter’s.

Присутните учесници на Акедемијата со воодушевување и голем ентузијазам го почнаа првиот ден од овој процес на учење и очекуваме да покажат извонредни резултати на завршниот тест .

Еве неколку фотографии од првиот „ школски “ ден .