#InAKouzonWorld – My Cruise Ship Life – Thank you KOUZON
Се викам Љубиша Брњарчевски – моментално вработен на Norwegian Cruise Line прекѕ агенцијата КОУЗОН.
Првично почнав да работам како Restaurant Steward, а сега се враќам како Assistant Waiter – а секако ме чека и друго напредување поради трудот што секогаш го вложувам во мојата работа.
Доживеав неверојатни и незаборавни авантури работејќи на NCL.
Иако работам само една година, јас посетив многу места низ светот и со нетрпение очекувам да видам каде следно ќе ме однесе мојата работа – Англија, Норвешка, Германија, Шведска… Секое од овие места си носи со себе и свои авантури, на кои цел живот ќе се сеќавате!
Освен што видов разни места, јас се стекнав со многу искуство кое верувам дека ќе ми помогне во секоја идна работа.
Сакам да работам и си ја сакам работата, а секако тука е и дружбата со луѓе од цел свет. Не верувам дека на друго место ќе ја имате таа прилика, да се запознаете и да се здружите со толку многу луѓе од разни националности!
До вас зависи дали ќе се одлучите да работите на брод – јас секако го препорачувам тоа!
На крај сакам да ја искажам мојата огромна благодарност до целиот тим на КОУЗОН, кој ми помогна да го остварам мојот сон – да шетам, да се дружам, да создавам незаборавни спомени, а истовремено и да заработувам!
Благодарам КОУЗОН за оваа прекрасна прилика!
Comments are closed.