ГО „ ОСВОЈУВАМЕ “ ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК , КОУЗОН FIREWATCHERS TEAM

МАКЕДОНИЈА – СИНГАПУР РАБОТНА ГРУПА 

Покрај успешните работни мисии во Канада , Европа , Бахамските острови, освојуваме нов КОНТИНЕНТ .
Тим од 66 FIREWATCHERS, патува на работна мисија во Сингапур.
Оваа група на времено работно ангажирани лица ќе учествува во реновирањето на бродот NCL JEWEL. Работните задачи кои ќе ги извршуваат во Сингапур, ќе бидат поврзани со заштита од пожар за време на изведувањето на реновирањето.

Нашите FIREWATCHERS тимови се докажаа како многу професионални и одговорни работници , така што самите бродски компании и бродоградилиштата ширум светот , почнуваат да не ангажираат интензивно .

Проектот во Сингапур завршува на 7 Ноември по што продолжуваме до нова работна група која ќе патува на Бахамските острови , FEEPORT – Nassau .

Ова се само 2 од вкупно договорени 14 проекти кои ќе следат во следниве 12 месеци .

Горди сме на фактот што токму ние од Коузон и нашите кандидати од Македонија , се пробиваат во индустријата која е една од водечките во светот,
За држава која нема излез на Море а има морнари повеќе од останатите БАЛКАНСКИ држави , ова е достигнување кое во многу аспекти ги надминува очекувањата на македонското секојдневие.

Доколку сте заинтересирани да аплицирате и да бидете FIREWATCHERS Ве покануваме да аплицирате на [email protected]