Learn English in Malta – Есен 2014
УЧЕТЕ АНГЛИСКИ ДОДЕКА ПАТУВАТЕ!!!
ИСКОРИСТЕТЕ ГИ СПЕЦИЈАЛНИТЕ ЕСЕНСКИ ПРОМОЦИИ И ПОМИНЕТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ НА МЕДИТЕРАНСКИОТ ОСТРОВ МАЛТА!!!
Цени од – 699,50 €
Ситуирана во срцето на Медитеранот, Малта е со идеална локација за тинејџерите кои сакаат да го комбинираат учењето на англискиот јазик истовремено со многубројни забавни и спортски активности во прекрасна и безбедна средина во едно од најреномираните училишта, основано во 1987 година. Персоналот во училиштето е високо квалификуван со долгогодишно искуство и посветеност за најдобра услуга. Сите простории се аклиматизирани и модерно опремени со интернет пристап. Сместувањето нуди опција да изберете помеѓу фамилија и да имате можност да го користите секојдневно во пракса англискиот јазик, или пак да престојувате во апартмани со аклиматизирани соби кои нудат комфор и можност да запознаете деца од интернационална средина. Часовите се со времетраење од 45 минути во мали групи со максимум 15 студенти. Сите професори го имаат англискиот за нивен мајчин јазик, а самиот курс вклучува и тест за одредување на нивото на знаење јазик, материјали за учење, како и сертификат по завршување на курсот.
Освен едукативниот дел, овој курс овозможува и социјални активности, на кои децата меѓусебно се запознаваат и истовремено го користат времето да го прошетаат овој прекрасен медитерански остров. Со многу сонце, кратки растојанија и богата историја, Малта нуди многу можности за студентите по завршување на часовите. Сите активности се под надзор на претставници од училиштето, додека пак културните посети вклучуваат лиценциран водич и транспорт. Во прилог погледнете ја целосната организирана понуда и детален опис на програмата во Малта;
ОПЦИЈА 1:
ДВОНЕДЕЛЕН ЈАЗИЧЕН КУРС ПО АНГЛИСКИ / СМЕСТУВАЊЕ ВО СЕМЕЈСТВО
- Смествуање на база полнпансион (појадок + ручек пакет + вечера) во семејства
- Часови по англиски – 20 часа неделно
- Материјали на англиски за курсот
- Целодневна програма со активности
- Трансфери од/до аеродром (пристигнување/ поаѓање)
- Надзор од лидери
Сместување со семејство:
- Max 4 студенти во фамилија
- Собите се делат
- Полн пансион (појадок, пакет ручек, вечера)
- Маx 30 минути на пешачко растојание од училиштето
ОПЦИЈА 2:
СМЕСТУВАЊЕ ВО АПАРТМАНИ
Сместување во:
- Трокреветни или четворокреветни соби
- Аклиматизирани соби
- Полн пансион (појадок, пакет ручек и вечера)
- Соби со сопствен тоалет