Она што го немаме во Македонија и Регионов, Коузон го донесе во Скопје.
За прв пат во Македонија , денес 07 Февруари се одржа Балканско интервју за вработување на млади професионалци за овој престижен 5* бренд на Старвуд (Starwood group) групацијата кој како Хотел е прогласен за најдобар хотел во регионот на Блискиот Исток, Хотелот W Doha
Како и секогаш и со сите наши партнери и овој пат Коузон организираше се беспрекорно и најпрофесионално , што придонесе на крајот од денот сите да бидат задоволни.
Со нескриено задоволство добивме пофалби од гостите од Катар кои беа презадоволни од изборот на кандидатите и самата организација на интервјуто.
Кандидатите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија беа задоволни од дадената можност да бидат вработени во овој престижен бренд и многу мотивирани веднаш да заминат за Доха.
Самото интервју отвори многу врати кои ќе значат уште многу можности за нови вработувања за овој хотел но и за останатите хотели од брендот на W и останатите престижни брендови на Старвуд групацијата .
Селекцијата на нови кандидати е отворена уште денес. Доколку имате интес , слободно аплицирајте и Вие. Секако ќе добиете можност експресно брзо да бидете поканети на интервју со нас и нашите партнери.
Comments are closed.