ВООДУШЕВУВАЊЕ И ВОЗДИШКИ ОД ВОЗЕЊЕТО SEGWAY  РАДОСТ И МНОГУ , МНОГУ ФОТОГРАФИИ ОД ОВА УНИКАТНО ИСКУСТВО

Нема зборови со кои може да се опише веселата атмосфера од првото БЕСПЛАТНО ВОЗЕЊЕ на SEGWAY , реализирано во населбата Тафталиџе , кај т.н млечен ресторан.

Повеќе од 70 деца * од 7-17 години , од овој дел на Скопје имаа можност да возат и да се натпреваруваат во возење SEGWAY .

Гордоста од успешното справување со техниката на возење ( на ова т.н чудо ) беше и на двете страни – на децата кои возеа , но и на родителите кои ги бодреа и поддржуваа.
Рaдоста постои и кај нас ( КОУЗОН КАМПС ) бидеќи нема поголемо задоволство од СРЕЌНИ И НАСМЕАНИ ДЕТСКИ ЛИЦА …..

Она што многу од нив го гледале по светските метрополи ( или само на филм ) Коузон Кампс се потруди да им го донесе во нивната населба ….
Убедени сме дека овој настан ќе го паметат до крајот на животот .

СЛЕДИ НОВО ВОЗЕЊЕ , НО ЗА NEW KIDS ON THE BLOCK – т.е овој пат во Населбата Аеродром .
Местото на настанот е платото пред споменикот на „ Јане Сандански “
Возењето ќе се реалзиира во петок на 15 Мај , од 18:00 часот.
Пријавувањето е во тек преку нашата он лајн апликација https://www.facebook.com/events/1018544431491815/
или на е-маил [email protected]

KOUZON KIDS SUMMER CAMP -2015  www.kouzon.com.mk