СУПЕР УСПЕШЕН СТАРТ НА ЗИМСКИОТ КАМП

СУПЕР УСПЕШЕН СТАРТ НА ЗИМСКИОТ КАМП
Боровец  2015 – Бугарија

Нема поголемо задоволство од насмеаните и весели детски лица .
Тоа за нас е ОГРОМНО признание кое потврдува дека зимскиот Коузон камп ја постигна целта .
Дружење, спортување ( скијање и бордање ), пливање, караоке забава, игри без граници, прошетки по преубавиот зимски центар Боровец  се дел од активностите од првите неколку дена од овој зимски камп .
Групата на „ кампери “ иако составена од деца од различна возраст ( од 9 до 16 ) сплотена како едно, активна е од утро до вечер .

 

Активностите почнуваат во 8.15 наутро, а завршуваат на полноќ.
Дневните активности се :
9.00 – часот заднички доручек
9.30 – подигање на опрема
10.00 – почеток на скијање – бордање
12.30 – пауза за ручек
13.30 – попладневно скијање
16.00 – часот, подотовка за спортски активности во базен ( сауна )
18.00 – одмор и подготовка за вечера
19.00 – вечера
20.00 – вечерна прошетка и слободни активности
21.30 – забава
23.00 – слободни активности ( дружење и пеење )
24.00 – крај на денот

 

Посебно сме горди на фактот што само за 2 дена нескијачите и почетниците во бордање научија да скијаат т.е бордаат. Оние кои знаеа ги подобрија своите вештини, а малите “професионалци “ скијачи, се вистинска атракција на ски патеките .
Им должиме благодарност на врните тренери од Ски школата Боро-Спорт кои се вложија себеси да ги пренесат сите свои знаења до нашите кампери.
Временските прилики се идеални. Сончеви денови, врвен квалитет на снегот, прекрасна услуга од страна на вработените во Хотелот Рила….. Едноставно – ПЕРФЕКТНО.
Следуваат фотографии од првите 4 дена од Коузон Камп 2015