1. Кој се може да аплицира?
Да аплицираат можат сите редовни студенти од факултетите во Македонија – до дипломски и пост дипломски студии .
2. Времетраење на договорот со работодавецот во Германија
Максимум 90 дена т.е за време на летниот распустот .
Минимум времетраење на работниот однос е два месеци (60 дена).
3. Кои услови мора да се исполнети?
Предност имаат сите оние студенти кои зборуваат Германски јазик и имаат работно искуство.
За колку повеќе сектори за вработување аплицирале, толку се подобри шансите да добиете подобра работна понуда.
Исто така треба да бидете флексибилни и подготвени да добиете работна понуда од целата територија на Република Германија.
Посебни желби за работа во одреден град, за жал не можат да бидат целосно прифатени.
Ограничена е можноста да бидете препорачани само на еден работодавец.
Доколку во формуларот наведете дека имате возачка дозвола за одредена категорија, од вас се очекува да имате искуство за тоа одредено возило ( на пр. трактор, кола ) .
Во овој случај добро е да ни доставите копија од возачката дозвола за да може вашата документација да биде комплетна.
4. Каде можам да аплицирам?
Во Македонија е официјален партнер на бирото за вработување во Германија ,е Коузон Во Коузон треба да ја доставите потребната документација за аплицирање .
Доколку доаѓате од земја каде што нема официјален партнер, целата документација може да ја побарате директно во Бирото за вработување.
5. Потребна документација
За вашата апликација да биде целосна спрема Бирото да вработување во Германија потребни ви се следните документи:
- 2 апликативни форми со слики од пасошки формат
Потврда за редовен студент . Бирото за вработување има свој примерок кој е на германско – англиски. Доколку сте во можност да го искористите примерокот од бирото за вработување нема да треба да ја преведувате потврдата од македонски на германски.
Совет:Најдобро е примерокот од бирото за вработување да се потполни и стави печат од страна на овластените лица на факултетот на кој студирате.
Треба да имате два примероци , еден за бирото за вработување, вториот за вашиот потенцијален работодавец.
- Копија од возачка дозвола
- Важно е документацијата да биде целосна.
Документите кои не се целосни или ненавремено доставени нема да бидат обработени од страна на бирото за вработување.
Исто така доставените документи не се враќаат назад, не е важно дали студентот добил работа или не.
Рок за пријавување
Рокот за пријавување може да го дознаете во КОУЗОН кој е партнер на бирото за вработување, а доколку доаѓате од земја без партнер тогаш рокот можете да го најдете на страната на бирото за вработување.
6. Доколку не сте во можност да дојдете во Германија
Доколку сте аплицирале и после тоа не сте во можност да патувате во Германија, задолжително треба да го известите бирото за вработување навремено, за вашето место да му биде доделенo на друг студент.
7. Дали имам гарантирано работно место?
Бирото за вработување на Германија ќе проба да најде работа за сите студенти, но притоа не дава гаранција дека на сите студенти ќе им испрати работна понуда и договор за работа. Понудите на работа се добиваат од Април до првата половина на Јуни .
Совет: Работните понуди се доставуваат директно на студентот.
Доколку не ја потврдите понудата за две недели , истата може да стане невалидна .За да не се случи да не ја добиете работната понуда ВЕ молиме да ни доставите точниинформации за вашата сегашна адреса на живеење ( и е-маил ) која ќе ја добиете понудата. Е-маилот треба да го проверувате секојдневно. Поради заштита на податоци Бирото за вработување на Германија не дава никакви информации за текот на процедурата на роднини или пријатели.
8. Како ќе најдам работодавец?
Работодавците ги пријавуваат слободните места во бирото за вработување на Република Германија .
Кога бирото за вработување ќе најде работодавец кој одговара на вашиот профил ќе добиете работна понуда по горенаведената процедура
9. Доколку познавате работодавец од претходни години.
Доколку ги исполнувате условите на програмата и веќе познавате работодавец од претходни години не мора да се пријавувате во Бирото за вработување или во Коузон
Работодавецот мора ( може ) лично да ве побара .
Потребни документи за тоа се :
2 примероци Vordruck Ferienbeschäftigung (namentliche Anforderung)
Потврда за редовен студент – заверена од факултет
Овие документи треба да се испратат на следната адреса:
Agentur für Arbeit Köln
Team 008, Standort Bonn
Villemombler Str. 76 53123 Bonn
10. Кога ќе добиете работна понуда
Доколку добиете работна понуда од работодавец од Германија задолжително известете го Коузон дали ја прифаќате понудата или не.
Доколку не ја прифатите понудата , можно е да добиете друга понуда, но треба да имате во предвид дека предност ќе имаат студенти кои не добиле воопшто работна понуда од Германија.
Пред патувањето за Германија задолжително контактирајте го вашиот работодавец за да ги средите сите детали околу работа, плата, пристигнување, сместувањеи др.
Совет: Без да го контактирате вашиот работодавец не треба да тргнете за Германија.
11. Кои работни места се понудени?
Воглавно понудите се од работни места од секторот на хотелиерство и гастрономија и услуги
Позициите кои се нудат се сервис, кујна, собарка, чистење на соби.
Искуство во овие сектори би било од предност исто како и нивото на познавањето на германскиот јазик.
Многу барања има исто така во секторот на чистење на згради.
Поради побарувачката од овие сектори претежно работодавците се лоцирани во туристичките области во Германија, крајбрежје, Bayern , BadenWürttemberg (Schwarzwald, Bodensee).
12. Кои се условите за работа?
Работењето во Германија пред се треба пред се да Ви овозможи да заработите пари за вашите идни студии.
Може да се случи да треба да работите прекувремено.
Oвие прекувремени часови се секако платени.
Вообичаено ќе се работи шест дена во неделата, слободните денови се договараат со работодавецот.
Доколку временските услови не се добри , може да се случи да треба да работите помалку часови и со тоа да заработувате помалку од предвиденото, затоа треба да бидете флексибилни.
СОВЕТ : Прашајте го работодавецот дали ќе треба да понесете одредена работна униформа.
Работодавецот од Вас ќе очекува да работите како и останатиот персонал т.е да сте посветени и одговорни во работењето и извршувањето на работните задачи.
Слободното време можете да го користите за разгледување на градот, запознавање на германската култура.
Постои можност да работите заедно со студенти од различни земји со што ќе имате можност за стекнување на интернационално искуство.
Доколку имате проблеми на работа, задолжително зборувајте прво со работодавецот. Ако не можете да го решите проблемот со него тогаш обратете се во бирото за вработување на Р. Германија.
Тие ќе ве поддржат и помогнат да го решите проблемот и ќе разговараат со работодавецот.
Совет: Понудата за работа добиена од бирото за вработување не е договор помеѓу вас и работодавецот.
Ќе треба да побарате да склучите и потпишете договор со работодавецот пред Вашето заминување.
Доколку не сте го направиле тоа , склучете и потпишете договор кога ќе пристигнете, пред да почнете со работа.
Во договорот треба да стојат клучни работи како плата, работно време, периодот на работен однос и др.
Доколку не исполнувате некои од условите во договорот работодавецот може и да ви даде отказ.
13. Каде да се обратам за помош?
За прашања поврзани со вработување во Германија ( работно време, данок и др. ) може да се обратите на телефоните во Министерство за работа и социјален труд 030 221 911 004
Информации за минимална плата може да најдете на следната страна www.der-mindestlohnwirkt.de .
Исто така на страната за работа и социјален труд може да најдете помош како би ја пресметале минималната плата: Mindestlohnrechner
Отворената линија за минимална плата е 030 60 28 00 28 од Понеделник до Четврток од 8:00 до 20:00.
14. Сместување
Повеќето работодавци нудат сместување за кое трошоците ќе бидат повлечени од Вашата плата.
Може да се случи да делите соба, стан со други студенти.
Доколку работодавецот не може да ви понуди сместување , ќе Ви помогне во процесот да најдете.
15. Плата
Платата и сите останати услови се регулирани спрема тарифата во зависност од тоа во кој регион во Германија работите.
Странските и германските студенти не смеат да заработуваат различно за иста дејност.
Најчесто платата се исплаќа на крај на месец или на почеток на следниот месец , првата кирија ќе мора да ја платите сами.
За последната плата ќе треба да имате сметка во Македонија за да може да ви бидат префрлени средствата.
Бидете внимателни со ова прашање и ВЕ молиме да му дадете точни податоци на работодавецот.
Вашата плата од работодавците ќе биде искажана во бруто износ.
16. Што треба да знам пред патувањето за Германија
Задолжително треба да имате здравствено осигурување кое ќе ги покрие сите трошоци во случај на здравствена интервенција
Исто така треба да имате еден примерок од потврдата за редовен студент за вашиот работодавец.
17. Дали вие потребна потврда од Бирото за вработување?
Доколку доаѓате од земја од европска унија или Швајцарија не е потребно да имате потврда од бирото за вработување.
Исто така за студентите од Македонија, доколку работната понуда е добиена преку бирото за вработување на Р. Германија не ви треба работна виза .
Бирото за вработување издава потврда со која се потврдува дека смеете да работите во Германија во период од мах 90 дена. Истото важи и во случај ако познавате работодавец кој ќе биде регистриран како работодавец кој ќе вработи студент од Македонија ( точка 10 ).
18. Како и кога треба да аплицирам за виза?
Потврдата издадена од бирото за вработување е документ кој ќе ви биде потребен да се аплицира за виза, доколку истата е потребна. За виза се аплицира и истата се издава во амбасадата во државата од која што доаѓате. Треба да се аплицира за истата да ја добиете навремено пред поаѓање во Германија. На Македонските државјани не им треба виза. (точка 17).
19. Каде треба да се пријавам по пристигнувањето во Германија?
За странски државјани пријавувањето е задолжително доколку истите имаат престој подолг од еден месец . Задолжително пријавете го вашиот престој во локаната полиција
20. Трошоци
Патните трошоци ги поднесувате сами. Првата кирија се плаќа при вселување, исто така постои можност да биде побаран капар.
Најчесто работодавецот ќе ви понуди сместување во склоп на работното место. Доколку не постои таква можност, работодавецот ќе ви помогне да најдете сместување ( точка 14).
Во одредени сектори како на пр. Гастрономија, ќе треба да се изврши и медицински преглед во одредени установи. Трошоците за истиот се за Ваша сметка.
21. Социјално осигурување и данок
Сите прашања поврзани на оваа тема треба да ги договорите со вашиот работодавец.
22. Контакт информации од бирото за вработување од Германија
Agentur für Arbeit Köln
Team 008 – Standort Bonn
Villemombler Str. 76
53123 Bonn
Tel.: +49 (0)228 713-1330
Fax: +49 (0)228 713-1525
E-Mail: [email protected]
23. Дополнителни информации
Доколку после завршувањето на студиите сте заинтересирани да работите во Германија, ние сме тука да ве поддржиме.
Das Virtuelle Welcome Center der Zentralen Auslands- und Fachvermittlung (ZAV) der Bundesagentur für Arbeit, дава совети на телефон, емаил за сите прашања поврзани на темата работа и живот во Германија. Ќе ве поддржиме во барањето на работа и сите попратни прашања.
+49 228 713-1313
Mail: [email protected]
www.make-it-in-germany.com