БЕНЕФИТИ ОД ВРАБОТУВАЊЕТО ВО ОАЕ и КАТАР
Да се работи во најразвиената, најлуксузната и најпрестижната зона на светот е само по себе привилегија. Привилегија имаат само најдобрите, доколку Вие бидете избрани да работите во овој дел на Светот, знајте дека сте дел од малкубројните што се третирани како најдобри!
Дали Ви требаат уште мотиви за да аплицирате ?
Дополнителни мотиви можат да Ви бидат следниве :
- Добивате работна виза за 2 години (платена )
- Добивате платена авионска карта
- Добивате или ви се нуди избор на сместување (платено)
- Добивате платен превоз до работното место и назад
- Добивате од 1-3 оброци платени од работодавецот
- Добивате солидна плата
- Добивате бонуси доколку сте добар работник
- Добивате обуки според најсовремените светски стандарди
- Добивате можност за градење на кариера
- Добивате многу други бенефити – стекнување на пријателства, потенцијална можност за склучување на бизнис партнерства и сл
СЛАБИ СТРАНИ НА РЕГИОНОТ НА ОАЕ и КАТАР
- Високата температура во периодот од април до октомври. Летните месеци и до 50 целзјусови степени (од оваа причина се е климатизирано – дури и автобуските постојки за јавен градски превоз).
- Арапскиот јазик – кој е тешко да се научи
- Арапската кујна – со изразито користење на зачини
- Строгиот режим на однесување, консумирање на алкохол и дисциплина
- Забрането е второ работно место (постои законска одредба )
Вие Одлучете !