Oбединети Aрапски Eмирати
Обединети Арапски Емирати, кои скратено се нарекуваат ОАЕ или Емирати, се федерација сместена на Арапскиот полуостров на југозападниот дел на Азија во Персискиот залив. Нејзини погранични држави се Оман и Саудиска Арабија, додека по водена површина се граничи со државите Ирак, Кувајт, Бахраин, Катар и Иран. Главен град на ОАЕ е Абу Даби, кој претставува центар на сите политички, индустриски и културолошки активности.
Политиката на ОАЕ претставува федерална, претседателска и изборна монархија. ОАЕ е федерација составена од седум апсолутни монархии: емирати на Абу Даби, Ајман, Фујаирах, Шарјах, Дубаи, Рас ал-Каимах и Умм ал-Каиван. Претседателот на ОАЕ ја предводи државата, додека Премиерот на ОАЕ раководи со владата.
ОАЕ има отворен тип на економија што ја прави една од земјите со најголем приход по глава жител во светот и со високи процент тргување на годишно ниво. Во 2009 година БДП според проценката на компанија за мерење на куповната моќ, изнесувала 400.4 билиони долари. Порастот на БДП по глава жител на ОАЕ според моменталната проценка е трета во свет и втора на Блискиот Исток по Катар и Кувајт, според ЦИА, заведена во книгата за Доверливи податоци. Според Светската Монетарен Фонд се смета дека е 17-та во светот.
Со околу 1 трилион долари инвестирани средства, се полемизира дека ОАЕ е една од најбогатите држави и држава со најголем приход во светот. Половина од овие средства според државните испитувања се проценува дека се од приходот на Абу Даби. Со популација до околу 900,000 жители, Абу Даби е именуван за “еден од најбогатите градови во светот” според СНН. ОАЕ, посебно Дубаи во периодот од 2007-2010 година претрпел сериозни проблеми предизвикани од бранот на светската економска криза. Во 2009 година економијата на ОАЕ се намалува за 4%, но инвестициите во прекуокеанските земји се проценува дека имаа голем придонес за економијата на ОАЕ да доживее подем и целосно да се опорави. Најголема грижа останува секторот за недвижнини, каде поради одложување на плаќањето на долгот од страна на државната градежна компанија Дубаи World се случил драматичниот пад на цените во Дубаи. Дефицитот во буџетот сеуште останува нерешлив проблем.
Извозот на петролеум и природен гас ја играат најголемата улога во пополнување на буџетската дупка во економијата на ОАЕ, посебно Абу Даби. Во 2009 година поголемиот дел од економијата на ОАЕ се базирала на полнење на економијата од резервите од извоз на природни ресурси.
Во 2010 година, популацијата на ОАЕ е проценета на 4,975,593 жители, од кои помалку од 20% се со ОАЕ државјанство, останатите жители се преселиле да живеат во други држави. Број на жители кои мигрирале досега достигнал до 21,71%, што е најголем процент во светот. Најголем број на население има Дубаи со околу 1,7 милиони жители.
Исламот е официјална религија во ОАЕ, но државата се труди да обезбеди религиска толеранција за сите останати жители од немуслиманска вероисповед и немешање во активностите кои ги има секоја религија. Според истражувањата на Министерството на Економија на ОАЕ во 2005 година официјалните резултати за бројот на жители изнесува Муслимани 76%, Христијани 9% и Други националности 15% (Хинду и Будисдти).
Во ОАЕ е висок стандардот во здравствениот систем, кој се задржал и за време на економската криза во ОАЕ. Според Владата на ОАЕ во периодот помегу 1996-2003 година се проценува дека се потрошени 436 милиони долари за целите на здравствениот систем. Според Светската Здравствена Организација во 2006 година е проценето дека 2,6% од трошоците на БДП се наменети за здравствено осигурување, додека трошоците за здравствено осигурување по глава жител изнесувал 673 долари.
Обединетите Арапски Емирати се една од најбрзо растечките туристички држави во светот, со сите потребни атрибути кои гарантираат незаборавено летување, сонце, море, песок, спорт, неповторлив шопинг, хотели и ресторани од А* категорија, интригантна традиционална култура и сигурна и пријатна атмосфера.
Интересно е да се напомене дека 90% од приходот на Дубаи доаѓа од ненафтениот сектор, т.е. се исклучиво од туризам. Затоа Дубаи се смета за една од најпосакуваните туристички дестинации во светот.
Катар
Катар, или уште попознато како државата Катар или како што локално го нарекуваат Давлат Катар, е Арапски емират, земја на Блискиот Исток, која го зазема малиот Катар полуостров лоциран на североисточната обала на големиот Арапски полуосторов. Главен град на државата Катар е Доха. Катар се граничи со Саудиска Арабија од јужната страна, додека остатокот од територијата лежи во водите на Персискиот залив. По водена линија на запад Катар се граничи со островот Бахреин. Од 2004 година Катар е поделен на осум општини.
Катар претставува владеачка монархија назначена и предводена од Ал Тани фамилијата уште од средината на 19-от век. Како поранешен Британски протекторат најчесто експолоатиран за производство на бисери, својата независност како држава ја прогласува во 1971 година и притоа станува една од најбогатите држави во светот посебно позната по големото изобилство на нафта и природен гас. Во 1995 година, Шеик Хамад бин Калифа ал Тани ја превзема власта од својот татко Калифа бин Хамад Ал Тани и станува Емир, Исламки владетел на Катар. Најзначајните позиции во Катар се под раководство на членови од фалимијата Ал Тани или нивни блиски доверливи соработници. На почетокот на 1992 година, Катар воспоставил блиски воени врски со Соединетите Американски Дражави притоа станувајќи Стратешка локација на нивниот Команден Центар и заеднички Команден Воздухопловден Центар на Катар.
Катар имаат најголем приход по глава жител во светот и е најголем снабдувач на нафта и природен гас во светот. Во 2010 година Катар имал најголем БДП по глава на жител, со економски пораст од 19,40%. Главни движечи мотори на брзиот развој и пораст на Катарската економија се големото производство и извоз на течен гас, нафта, петрохемиски производи и слични индустрии од овој вид. По Обединетите Арапски Емирати, Катар има највисок пораст на развој во полето на човечки ресурси во Арапскиот свет. Во 2009 година, Катар се котирал на високото петто место по извоз на пазарот во САД, оставајќи ги задсебе О.А.Е., Израел, Саудиска Арабија и Египет.
Катар има монархиска емиратска тип на влада, со комбиниран правен систем составен од Исламски (или уште наречени Шариа) и граѓански права целосно контролиран од страна на Емиратот. Иако граѓанските права се имплементирани во законодавниот систем, сепак исламските права се најчесто користени за решавање на фамилијарни и лични проблеми. Законите се дизајнирани така да ја штитат монархијата и нивните наследни права.
Катар доживеал висок економски пораст во изминатите години кое е одраз на порастот на цената на нафтата, а во 2008 година го објавил буџетскиот статус на осумте последователи снабдувачи. Економската полиса на Катар се заснова на развој на ресурси не поврзани со експлоатација на природен гас и поттикнување на приватните и странските ивестиции во неенергетскиот сектор. Сепак производството на нафта и гас придонесуваат 50% во буџетото на БДП, околу 85% е придонесот од извоз на обетки, и 70% се владини приходи. Производството на нафта и гас го направиле Катар, држава со наjвисок приход и најбрз економски раст во светот. Се проценува дека резервите на нафта на Катар достигнуваат 15 билиони барели што е доволна резерва за производство на нафта за наредните 37 години. Резервите на природен гас на Катар се проценуваат на околу 26 трилиони кубни метри гас, што всушност претставува 14% од светското производство и е трета земја производител на гас во светот.
Во 2011 година, популацијата на население во Катар изнесувала 1,692,262 (848,016)жители. Околу 550,000 граѓани кои се на привремена работат и живеат без своите семејства во Катар, се од јужна и југоисточна Азија и од другите Арапски земји. Повеќето странски работници кои живеат во Катар со своите семејства се населени во околината на градовите Доха, Ал Кор, Месаиеед и Дукан.
Исламот е доминантна религиска определба во Катар, каде околу 80% од популацијата се муслимани. Религијата, според правните закони на Катар, не е предуслов за добивање на Катарско државјанство. Припадници на други религии кои се населени во Катар се Христијани 6,5% и Друга религиска определба 13,5%.
Во изминатите години Катар остварил голем прогрес во едукативниот систем. Според државниот закон, задолжително е да се проследи образованието од градинка до средно училиште. Во 1973 година е основан Универзитетот Катар. Во скоро време со помош на Катарската Фондација е овозможено реномирани Американски универзитети да отворат свои едукативни кампови во Катар. Највисокото едукативно ниво е Диплома за завршени додипломски студии.