Условите за аплицирање се строго дефинирани во процес кој е утврден според стандардите на Коузон Вработување и нашите партнери до Обединетите Арапски Емирати ( ОАЕ ) и Катар.
Потенцијалниот апликант избира работна позиција за која би аплицирал врз основа на предходно искуство или според афинитетите за вработување на одредена работна позиција.
Следни чекори :
- Задолжително присуство на презентација која ние ја организираме секој петок во 11.00 часот во тренинг центарот на Коузон на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58 во Скопје. Присуството е БЕСПЛАТНО
- Доставување на CV на англиски јазик, 2 фотографии пасошки формат, 1 фотографија во официјална гардероба * full body size *
- Пополнување на апликација за ОАЕ и Катар
- Прелиминарно интервју за утврдување на стартните квалификации со вработен во Коузон.
Ова интервју е основно за прифаќање на апликација.
- Потпишување на изјава за согласност со условите за посредување за потенцијално вработување во ОАЕ и Катар ( изнесени на презентацијата )
- Задолжителна обука за доквалификација според стандардите на Коузон Вработување и барањата на нашите партнери од Дубаи. Оваа обука е обврска за сите апликанти и истата ќе биде поставена на неколку нивоа. Обуките се реализираат два пати месечно во траење од по три дена по 6 часа на ден.
- Потпишување на Општите Услови за Аплицирање, кои ќе се заварат кај Нотар (трошок кој ќе го сноси Коузон). Во оваа изјава наведени се сите детали за процесот на аплицирање и нашето посредување при вработување, но во целост се дадени и сите позитивни и негативни страни од вработувањето во Катар, Дубаи и Абу Даби.
- По реализација на предходните активности ( наведени од 1 до 7 ) Вие ќе бидете поканети да присуствувате на интервју со потенцијалниот работодавец од ОАЕ . Интервјуто може да биде лично и реализирано во Скопје или преку SKYPE со веб камера .
Доколку Вие го поменете успешно интервјуто со представникот на компанијата за која сте прифатиле да бидете интервјуирани со можност за вработување, Вашето заминување за ОАЕ или Катар ќе се реализира во период кој може да биде од 1-3 месеци .
ВАЖНО – работодавецот ќе аплицира за Ваша работна виза, ке ви обезбеди авионска карта која ќе ја добиете преку Коузон, ќе организира пречек на аеродром , ќе ви обезбеди сместување во капацитети што се наменети за сместување на вработени, ќе организира превоз од местото на сместување до работа и обратно, ќе ви обезбеди здравствена заштита според локалните стандарди во државата во која ќе работите, ќе ви исплаќа плата редовно според потпишаниот договор за вработување