Првите активности од вработувањата во регионот од т.н Middle East, Коузон ги започна во далечната 1997 година, кога реално многу малку се знаеше за Дубаи. Први партнери со кои соработувавме беа Хотелите ROTANA. Од тие почетоци до денес, Коузон постигна многу во промоција на регионот и создавањето на позитивна клима и интерес кај младата популација во Македонија и сите Балкански држави.
Коузон е единствена Агенција од Источна Европа која има своја Компанија во Катар ( со седиште во Доха ) отворена во 2011 година.
Коузон е официјален представник за вработување на кандидати од цела Источна Европа за Хотелите Marriott and Renaissance од регионот на Middle East & Africa како и ексклузивни договори со Ritz Carlton , Kempinski, W Hotel, Hyatt , Hilton, Moevenpick …….
- Коузон има повеќе од 100 партнерски компании од Катар, Дубаи и Абу Даби во кои вработува, во кои и за кои обезбедува квалификуван кадар од цела Источна Европа .
- Коузон има договор со најдобрите светски ланци на Хотели, со најголемите и најбогати компании од Дубаи, Доха и Абу Даби.
- Коузон има 24/7 тим за асистенција на сите вработени лица во странство
- Коузон е бренд кој оваа програма ја развива во 18 држави од регионот на Источна Европа, Турција, Тунис и Мароко
- Коузон има свои канцеларии во 12 Источно Европски држави, воедно и во Турција и Тунис
- Коузон е единствена Агенција за вработување која има свој тренинг центар кој е создаден да го подобри и олесни вработувањето на сите апликанти, но и да ги мотивира своите кандидати за градење на кариера.
- Коузон е познат по својата транспарентност, професионалност и одговорност во превземените обврски