PRINCESS CRUISES AND KOUZON INTERVIEW in BELGRAD

Од 9 до 12 Јули во Белград  , Коузон ќе организира тренинг и интервју за Princess Cruises.Ова Балканско интервју и овој пат ќе собере кандидати од Бугарија, Србија , Црна Гора , Хрватска и Босна и Херцеговина.

Ние како организатори и реализатори ( поточно како Hiring Partner for Princess Cruises ) на менаџерите од оваа бродска компанија ќе им понудиме 100-тина избрани кандидати и тоа за повеќе работни позиции.

Специфика на оваа наша активност е Pre-employment training-oт кој е наша обврска да го реализираме и да ги подготвиме кандидатите со сето знаење и умеење да се представат на интервјуто кое ќе биде на 12 Јули . Очекувањата како и секогаш се да имаме одлична проодност ( над 90 % ) од предложените кандидати и секако многу брзо нивно заминување на некој од бродовите на Princess Cruises  .