Учете германски јазик во градот на културата Виена
Виена, главниот град на Австрија, со 2 милиони жители, е лоцирана на брегот на Дунав. Напливот на посетители од целиот свет ја направи Виена една од најпопуларните и најурбани туристички дестинации во Европа. Виена, исто така опишан како Европскиот главен град на културата, е метропола со единствен шарм, стил и елеганција. Може да се пофали со својата извонредна инфраструктура, уметност, архитектура кои се неисцрпна инспирација за да доживееш неверојатно искуство учејќи еден од најзборуваните јазици во светот. Можности за тури низ градот има во изобилство.
Посетете ја Шенбрун или Хофбург Палатата и инспирирајте се од историската атмосфера, која е испреплетена со инфраструктура на модерен град. Виена секогаш ќе ви даде повеќе од очекуваното. Тука јазичните курсеви се организирани на високо ниво, а слободното време по завршување на часовите ќе ве воздигне културно, но и ќе ви овозможи стекнување на нови пријателства и многу забава. Учете германски јазик во прекрасен амбиент и искористете го престојот за посета на Белведере замокот, Операта, Катедралата Св. Стефан, Пратер паркот.
Што повеќе би посакале ова лето?
Општи информации
- Тип на курс: Летен курс – стандарден германски
- Возрасна група: 12 до 17 години
- Локација: Виена
- Времетраење: 2 недели
- Часови: 20 часа неделно
- Ученици: 10 до 12 / 15 ученици максимум
- Програма со организирани активности: секое попладне и вечер спортски и социјални активности
- Сместување: Интернат/ Полн пансион (вклучени појадок, ручек, вечера)
Цена на пакетот за две недели – 1524€
*Можност за плаќање на три рати со кредитна картичка
Во цената е вклучено:
- Тест за проверка на почеток на курсот
- Курс по германски за две недели (20 лекции неделно)
- Материјали за учење
- Сместување во интернат – Двокреветни или четири креветни соби
- Појадок, ручек и вечера
- Активности
- Компјутер, интернет, чаршави, крпи
*Депозит од 40€ се остава како гаранција во случај на направена штета (истиот се рефундира на крај од престојот)
Повеќе информации на:
Е-пошта: [email protected]
Телефон: +389 (2) 323 88 01; +389 (2) 323 88 06;
Адреса: Бул. Св. Климент охридски 58, 1000 Скопје
Comments are closed.