Учете германски јазик во бизнис метрополата Франкфурт
Некогаш важното внатрешно пристаниште и центар на трговијата, сега е најголемиот финансиски и бизнис центар после Лондон. Франкфурт е град на облакодери. Доколку му упатиме поглед на градот одблиску, тогаш ќе откриеме голема метропола со многу шарм. Куќите се живописни, колоритни и повеќето во центарот се реставрирани. Со многу интернационални компании и организации кои имаат токму тука седиште, Франкфурт навистина претставува мултикултурен град, а со тоа и идеално место за вашиот германски курс.
Поминете две неверојатни недели во бизнис метрополата на Германија – Франкфурт и научете го еден од најзборуваните јазици во светот!!!
Што повеќе би посакале ова лето?
Општи информации
- Тип на курс: Летен курс – стандарден германски
- Возрасна група: 14 до 17 години
- Локација: Франкфурт
- Времетраење: 2 недели
- Часови: 20 часа неделно
- Ученици: 10 до 12 / 15 ученици максимум
- Програма со организирани активности: секое попладне и вечер спортски и социјални активности
- Сместување: Интернат/ Полн пансион (вклучени појадок, ручек, вечера)
Цена на пакетот за две недели – 1350€
* Можност за плаќање на три рати со кредитна картичка
- Тест за проверка на почеток на курсот
- Курс по германски за две недели (20 лекции неделно)
- Материјали за учење
- Сместување во интернат – Двокреветни или четири креветни соби
- Појадок, ручек и вечера
- Активности
- Компјутер, интернет, чаршави, крпи* Депозит од 50€ се остава како гаранција во случај на направена штета (истиот се рефундира на крај од престојот)
Повеќе информации на:
Е-пошта: [email protected]
Телефон: +389 (2) 323 88 01; +389 (2) 323 88 06;
Адреса: Бул. Св. Климент охридски 58, 1000 Скопје
Comments are closed.