Live your dream...

Америка, да, тоа е ЗЕМЈАТА НА СОНИШТАТА!.

Work & Travel USA 2014

the-american-dream-1

Америка, да,  тоа е ЗЕМЈАТА НА СОНИШТАТА!

Писмо од наш студент кој почна да го живее неговиот American Dream!

Ова беше мисла што ми растеше во умот веќе речиси две децении. После толку приказни, филмови, песни и приказни кои што го повторуваат истото, почнуваш да веруваш иако не знаеш зошто луѓето цело време го повторуваат тоа.

Во мојата 20та година од животот се случи и тоа, одлучив  да си ја пробам среќата и да заминам за Америка.

Се сеќавам, беше последен ден од аплицирањето за Work and travel 2014 програмата, повеќето од студентите ги носеа своите последни документи а јас тој ден ја пополнував првичната апликација.

Се се случи набрзина, нели велат – Кога среќата е твоја, не ја пуштај да ти избега!

Наредниот ден веднаш бев прифатен во програмата и добив работа, го добив својот DS формулар и воедно и меѓу првите добив виза. Разговорот во амбасада беше едноставен и го поминав за неколку минути.

Пристигна и денот кога полетував за Америка. Летав преку Истанбул заедно со мојата другарка и го искористив тој момент на кратко да го посетам моето семејство таму пред да полетам за Њу Јорк. Времето за полетување пристигна, се качив возбуден и едвај чекав да поминат тие 12 часа лет.

Го направив својот прв чекор во Њу Јорк, чувството не можам да го опишам, не спиев цела ноќ и шетав истражувајќи го градот. За Њу Јорк имав слушнато најразлични коментари и позитивни и негативни, јас уживав во секој миг и се што замислував претходно беше 100 пати поубаво и поголемо. Високите згради го одземаа здивот, се беше така убаво испланирано. Правите улици и квартовиот план на градот е речиси генијален, а погледот кој го добиваш ако застанеш на било која улица и погледнеш нагоре кон облакодерите не се опишува, посебно ако гледаш како изгрева сонцето некаде далеку над тебе и само зраците се одбиваат од прозорите на високите облакодери околу тебе.

Наредниот ден тргнав за Lake George, мало гратче во Upstate NY.

Таму го поминав цело лето. Преубаво место. Запознав многу луѓе, со повеќето останав во добар однос и се уште сум во контакт. Имаше и такви кои помалку одговараа на мојот карактер и со истите поминував помалку време. Менаџерите и шефовите што ги запознав се разликуваа едни од други. Некои беа насмеани а некои намуртени. Имав и добри и помалку добри искуства, не ме разочара ништо, таму бев за да си поминам убаво и не трошев време мислејќи на лоши работи.

Се обидував секој момент да ми биде супер и посебно забавно ми беше дружењето со другарите од Романија.

Да преминам на главното – New York – Concrete jungle where dreams are made of.

Знаејќи дека таму ќе поминам 4 месеци морав да најдам каде ќе играм за да не ја изгубам кондицијата. Најпрво земав картони од најблискиот маркет и ги залепив со што направив импровизиран танцувачки под, или кај нас велат – Снајди се па живеј ! Брзо после тоа сретнав млади луѓе што играа Street dance и правеа шоу секој викенд во близина на центарот па почнавме да вежбаме заедно.

По некое време наидов на едно студио во близина и се јавив да ги прашам за простор каде би можел да вежбам и тие ме поканија да отидам и да разговарам со нив во живо. Младата жена со која се сретнав беше навистина мила и културна и ме прими да разговараме по што ме замоли да и покажам видеа од мене и од моите ученици од AQUA Dance Club Скопје.

Беше ВООДУШЕВЕНА!

Веднаш ме праша за соработка и дали можам да предавам во нејзиното студио, што за мене беше вистинско чудо – секако што можев друго да одговорам освен, СЕКАКО, ДА!

СОН – ОСТВАРЕН ! 

Никогаш не помислив дека ќе дојдам во Њу Јорк и ќе ја добијам мојата работа од соништата, но верувајте во Њу Јорк секој сон се остварува ! Додека траеше летото држев семинари каде што танчери од околината доаѓаа и ги посетуваа моите предавања. Имав преубаво лето, спомени и искуства што нема никогаш да ги заборавам ! Имав работа која секој танчер сонува да ја има и што е најважно остварив контакти за идни соработки и семинари во Њу Јорк кои ќе гледам да ги реализирам во блиска иднина.

Секако едвај чекам да се вратам дома, ми недостигаат толку многу работи и Скопје, но знам дека штом зачекорам во Скопје ќе почне да ми фали Њу Јорк. Секогаш е тоа така, се што е далеку е по посакувано !

Искрен есеј од вашиот студент

Бенјамин Џафери

Pismo_ver-3-4

 

 

Related Projects

Kouzon Corporation

Добредојдовте на новата веб страница на Коузон...

FOR ALL EMERGENCIES CONTACT (HIRING PARTNER) KOUZON CORPORATION:

CONTACT PERSON : Mr.ZORAN KOCOSKI
+ 389 70 206 108 -24 HRS /7 DAYS/WEEK
+389 78 45 44 26 - 24 HRS /7 DAYS/WEEK