Позитивните импресии од престојот и работата во Cedar Point каде го поминав летово 2013 траат уште.
Ме изненади нивната организираност и одговорност. Во ниту еден дел од престојот таму не почуствував носталгија, непријатност или тешко прилагодување во околината. Cedar Point сето тоа паметно го испланирал со често организирање настани, игри за вработените и екскурзии на разни атрактивни места (Нијагарините водопади, Вашингтон, ЊуЈорк).
Обезбедуваат и сместување што е голем плус, а има и кафетерија за вработените со евтина и вкусно-зготвена храна. Единствено што беше на нас е да уживаме во адреналинот од брзите и високи ролер костери и тобогани.
Професионален однос и ангажираност на тимот на Коузон го зголеми моето целокупно задоволство од програмата Work and Travel 13. Искрената посветеност во работа и навременото известување околу документацијата и запазувањето на важни рокови направи ова искуство да биде незаборавно. Чиста десетка.
Секое добро,
Слободан Коцевски
Comments are closed.