Здраво,
Јас сум Наташа Павлова, две години сум дел од програмата Work and travel. Две лета исполнети со многу доживувања, нови пријатели, нови култури и искуства и секако многу шетање и дружење. На сите оние што прв пат аплицираат да бидат дел од оваа програма би им препорачала да аплицираат во некои од големите забавни паркови со кои што соработува Коузон, како што е Cedar Point park, каде што јас го поминав моето прво Work and travel лето..
За време на престојот во USA имав целосна поддршка и посветеност од спонзорот, работодавецот и Коузон, немаше време и простор за грижи, бидејќи организацијата на целото патување од почеток до крај беше перфектна.
Comments are closed.