И кога реалноста ќе ни здосади максимално, кога ќе станеме претрупани со обврски и товар кој ни се насобрал од целата година, кога ситуацијата од ден на ден кулминира со монотоното секојдневие, е тогаш се јавува желбата за бегство, како што јас би рекла. Секој од нас, или барем повеќето сака да се најде далеку некаде.. Подалеку од се и од сите. Па нормално, студенти сме. На кого не би му здосадила монотонијата?! Ни треба лето кое ќе не рехабилитира, лето кое ќе ни ја врати енергијата и ќе не освежи. Ни требаат нови случувања и нови опкружувања. Нова реалност и средина. Нешто драстично поразлично.
Епа драги мои, токму вакви се Американските лета за нас, студентите. Секое будење таму се гледа како предизвик за ново доживување. Случувањата се редат едно до едно, деновите летаат, а ти-речиси и не приметуваш. Работиш, шеташ, излегуваш, се дружиш, се опушташ максимално. Сфаќаш дека твојата имагинација добила друга димензија. Веќе и невозможното станало возможно, веќе работите кои си ги сметал за далечни можеби и ти се на дланката. Си го режираш својот живот на комплетно нов начин и со нови луѓе околу себе. И дур да трепнеш ти веќе си го научил јазикот, си остварил контакти со луѓе од сите страни на светот, си спечалил пари, си се изнашетал и си се збогатил со искуства милион. Ех, си велиш, барем уште малку да потраеше.
Еве вака изгледаше моево минато лето во Америка. Секако, украсено со многу, многу детали.
Она што искрено, и од срце би сакала да го кажам во склоп на ова-е дека без W&T програмата на Коузон, а и секако беспрекорниот тим-ништо од ова немаше да изгледа вака. Тие ми ја пружија сигурноста и стабилноста. Иако преку океанот-во ниту еден момент не се почувствував сама. Знаев дека за било што-ги имам нив, 24/7.
А на сите вас, веќе одлучени, или студенти сеуште во недоумица, немам што друго да ви препорачам освен: ги знаете местото и локацијата. Вие бирате – Коузон ви овозможува. Америка на дланка, искуство-доживотно, сеќавања во изобилство. Сонот-реалност!
Искрено, Мимоза Галабовска студент на
Правен Факултет
Универзитет “Гоце Делчев”
Штип
Comments are closed.