Марија Петкова од Св. Николе помина 4 прекрасни месеци во Cedar Point, Ohio кој е еден од најстарите и најпопуларните забавни паркови во Америка и вели дека тоа е место кое вреди да се посети и задоволство да се работи во истото.
,, Ми беше задоволство што бев дел од тимот на Cedar Point и што се враќам дома со прекрасни сеќавања и уште поголема желба да се вратам следното лето’’ – Вели Марија
,, Не работев втора работа бидејќи сакав да имам и време за себе, затоа и мојата заработувачка не e толку голема колку кај другите,но тоа и не е важно, сепак ова е размена на искуства и студентско доживување, на крајот сум сосема задоволна од ова поинакво лето”
Единствено нешто што и недостасувало била Македонската храна и самата ни кажа дека очекува да накачи неколку килограми кога ќе се врати дома и ќе се фрли на Македонските специјалитети.
Што се однесува до патувањата вели дека и биле вистинска релаксација, го посетила Чикаго , Водопадите на Нијагара и Мајами.
Марија за првпат ова лето со Коузон замина во Америка и веќе е сигурна дека ќе аплицира повторно во новата Work and Travel 2015 сезона за наредното.
Comments are closed.