Јасмина Здравевска ни го раскажа своето лето една недела пред да ги спакува своите куфери за дома

Pismo_2014-1

Накратко Јасмина ни раскажа како уживала во летото во Америка и дека статусот на J1 студент им го препорачува на сите и дека секој треба да го доживее.

Во нашиот краток разговор со неа ни кажа дека навистина и се допаднала Американската култура и вели дека научила многу ова лето, меѓутоа сепак сака брзо да се врати дома најмногу заради студиите и своите.

Работев во Sea Point  и во McDonald’s и запознав пријатели од цел свет, живеев со девојки од Шпанија и од Кина и научив многу – вели Јасмина.

Како еден од најинтересните моменти од летото го издвои натпреварот за храна од различни култури кои го организирале на крајот од летото.

Вели, имаше претставени многу традиционални јадења  од Молдавија,Романија,Шпанија,Порторико,Русија,Кина,Тајланд меѓу кои и Македонски јадења а најчудно ми беше дека Шпанците имаа зготвено и сарма.
Единствена замерка за ова лето на Јасмина и е  Американската храна која не била по нејзин вкус.

 

Среќна заради убавото лето ни спомна дека овие денови ќе ужива на плажите во Флорида а потоа ќе прошета во Њу Џерси и наредната недела веќе ќе биде дома.

За крај Јасмина не праша околу правилата за дополнителен багаж во преку океанскит лет бидејќи направила одличен shopping и веќе почнала да се пакува во 3 куфера.

Америка е преубава,јас сум презадоволна, вели Јасмина, секој студент мора да го доживее ова !

Коузон тимот е среќен што уште еден студент имал незаборавно лето кое засекогаш ќе го памети !