Моето име е Маја Јовановска и ова лето го поминав во Wildwood, New Jersey.
За програмата имав слушнато уште пред пет години, кога мојот брат учествуваше на неа и од каде дојде со прекрасни спомени.Конечно, оваа година и јас станав студент, па без размислување се пријавив.Во САД отидов на крајот на мај, заедно со уште две мои другарки. Летавме до New York, a од таму до Wildwood. Toa е мало градче сместено помеѓу New York и Washington DC (локацијата беше главниот фактор да го одбереме ова место).Има многу интересни места на кои можете да го поминете своето слободно време таму.Од разни продавници,забавни паркови па се до прекрасните плажи.
Јас работев како спасувач во Morey’s Piers водениот парк.На почетокот на летото поминав двонеделна обука и дури потоа почнав со работа.Работата не беше многу тешка.Многу ми се допадна како работите таму се организирани и можноста да работам во тим со луѓе од разни националности.Исто така ние си организиравме наши забави, а имавме можност да ги користиме сите атракции во паркот бесплатно.
После завршување на работниот договор, ги посетив New York, Washington, Philadelphia и Atlantic City
Moжам да кажам дека го имав најдоброто лето до сега,учестувајќи на оваа програма. Посетив многу градови, го подобрив мојот англиски,станав понезависна и стекнав многу нови познанства.
Со нетрпение го очекувам наредното лето!
Comments are closed.