МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ЕДНИ ОД ПОДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЊУ ЏЕРСИ

МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ЕДНИ ОД ПОДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЊУ ЏЕРСИ

Искуство од прва рака – Изјава на Менаџерот Артуро Ројас

„ Дозволете ми да ги поканам Вашите студенти од Македонија да аплицираат за работните понуди во нашиот ресторан и бар во Лонг Бранч , Њу Џерси .Ќе имаат можност да работат и заработат и најмногу од се да се дружат со колеги од цел свет “ – потенцира Г-дин. Артуро Ројас , долгогодишен менаџер на еден од најдобрите ресторани во ова многу атрактивно туристичко гратче.

Њу Џерси и Лонг Бранч како летна работна дестинација за Македонските студенти била и е една од најактуелните . Причини за ова има многу но секако најважна е таа дека Лонг Бранч е на само 75 км до Њу Јорк .

Поводот за нашиов раговор со Г-дин Ројас е неговата спремност да вработи околу 70-тина студенти од Македонија во неговиот ресторан и бар во Лонг Бранч (Avenue Le Nuit –http://leclubavenue.com/home.html )

Со оваа бројка на потенцијални вработувања , Г-дин Ројас се вбројува како еден од најголемите работодавци во Америка каде ќе работат студентите кои ќе аплицираат за програмата W&T America 2015 година , преку Студентскиот сервис на Агенцијата Коузон.

МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ЕДНИ ОД ПОДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЊУ ЏЕРСИ

Кога почнавте да работите со интернационални студенти?

Моето прво искуство беше во 2008 година со студенти од Чешка и Русија. Во 2009 бројот на интернационални студенти се зголеми и имаше студенти од: Хрватска, Македонија, Бугарија, Белорусија, Украина, Србија, Франција и многу други.

Како е да се работи со луѓе од различни националности и култури?

Различни култури, различни јазици, различни религии, со различни политички гледишта, но тука сите се пријатели. Повеќето студенти, кои ги познавав професионално и лично, беа со позитивен став кон работните места и претпоставните. Многу од нив, не знаеја англиски доволно, но за кратко време научија да се снајдат со работата и јазикот. Моето лично искуство е позитивно. Многу сум задоволен од нивната посветеност и желба за работа и можам да кажам дека дел од нив се покажаа подобро и од овдешните Американски работници. Тие се од голема помош за нас, со оглед на тоа дека ресторанот и барот се најзафатени за време на летото и во тој приод ни требаат повеќе работници.

МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ЕДНИ ОД ПОДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЊУ ЏЕРСИ

Што е позитивната страна на оваа програма според вас?

Едноставно! Студентите, барем тие што ги познавав лично, не знаат многу за работни обврски и етика на работата пред нивното доаѓање во Америка. Многу од нив никогаш не работеле подолго од 20 часа неделно поради големата невработеност во нивните земји.

Всушност, голем процент од нив зависат финансиски од месечните плати на нивните родители, но кога ќе станат дел од оваа програма не само што почнуваат да заработуваат сами за прв пат туку и стануваат независни. Дури и кога ќе заврши програмата и кога ќе се вратат во своите земји тие имаат поголеми можности за вработување затоа што покажуваат етика во работењето и зрелост како искуство од оваа програма. Исто така, во нивното настојување да напредуваат професионално и да бидат независни тие несвесно го подобруваат англискиот јазик и комуникациските способности.

МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ЕДНИ ОД ПОДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЊУ ЏЕРСИ

Можете ли да издвоите некој студент како пример за добар работник?

Има многу студенти кои би можел да ги искористам како пример, но има еден студен кој премногу ме импресинира минатото лето, се вика Оливер Недановски. Овој млад човек , не само што е исклучително пријатна личност истовремено е и пријател и вреден работник, кој имав чест да го запознаам летото 2014.

Кога првпат пристигна беше многу срамежлива личност. Неговиот англиски беше сосема неразбирлив но за 2 месеци тој веќе зборуваше одлично, а истовремено напредуваше во работата затоа што беше многу вреден работник. Изгради своја работна етика и стана еден од омилените работници на нашите гости и се разбира на нас како менаџери.

МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ СЕ ЕДНИ ОД ПОДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЊУ ЏЕРСИ

Што мислите, кои се нивните придобивки надвор од работата?

Работата е само повод да дојдат во Америка.Се друго е бенефит за цел живот. Животот надвор од „ комодитетот “ на семејството им дава можност да се осамостојат, да планираат личен буџет, да го адаптираат своето живеење во мултинационална седина , да спремаат сами храна ……… многу , многу нови работи што генерално ги менуваат студентите за цел живот .Ова го кажувам со многу емоции бидеќи јас сум сведок на нивните трансформации и навистине ме воодушевуваат .

Исто така, секој студент што е учесник во оваа програма има можност да патува низ САД и да ги посети, Вашингтон, Калифорнија, Флорида, Њу Јорк, Чикаго, Лас Вегас и Карибите.

За крај – очекувам дека и во 2015 година ќе имaмe многу Македонски студенти и дека сите тие ќе понесат одлични спомени од Лонг Бранч и Америка „ – го заврши разговортот со нас Г-дин Аруто од рестораните ресторанот & бар – Avenue Le Nuit

The-American-dream_2015-1