ПОКАНА ЗА ЗАЕДНИЧКА ЗАБАВА ДО УЧЕСНИЦИТЕ НА КОУЗОН КАМП 2014

Драги наши кампери ,

Како ваши тим лидери и благодарност за одличното лето кое ни го овозможивте , со желба за повторно дружење само за вас организиравме Голема водена Коузон Кампс забава !

По тој повод ве покануваме да дојдете во Аква паркот во Скопје на 27.08.2014 во 20 часот за сите заедно уште еднаш да ги доживееме најубавите моменти од кампот и да направиме незаборавна водена забава со вашето омилено ноќно капење .

Ваше е само да дојдете да си ја подигнете вашата бесплатна влезница од нашата канцеларија во Скопје , да бидете облечени во бели маички и секако костими за капење .

За се друго ќе се погрижиме ние , тимот на тим лидери кој е секогаш тука за вас и вашите желби .

Ние сме креатори на вашата насмевка , а вашата насмевка е креатор на нашата среќа!

Ве сакаме ,

Вашите Тим Лидери

Коузон Кампс 2014