Ние создадовме илјадници незаборавни лета, Лето 2015 е уште еден предизвик за нас
Marriott, IHOP, Yellowstone National Park и Glacier National Park се само дел од нашиот избор на работодавци за првиот саем за вработување на 25ти ноември во Скопје.
Коузон активно се припрема со подготовките за првиот Виртуелен саем за Work and Travel USA 2015 програмата.
Вкупно 6 работодавци од Америка ќе вработат многу млади луѓе од Македонија.
На 25ти ноември студентите ќе имаат можност да се вработат во двата најпознати национални паркови Yellowstone National Park и Glacier National Park. Во овие национални паркови вработуваме многу студенти секоја година. Карактеристично за овие понуди се ефтиното сместување и полн пансион за само $89 неделно. Најмногу од овие студенти се љубители на природната убавина,чистиот воздух и животинскиот свет. На вакви работни локации нашите студенти имаат шанса да заработуваат убаво а по завршувањето на работниот ангажман да го испланираат своето патување и да ги видат привлечните туристички дестинации низ цела Америка.
Исто така како дел од нашата понуда за првиот саем на вработување на Коузон се и IHOP (International House of Pancakes) рестораните во кои се служат најубавите Американски палачинки со локација Вилијамсбург, Вирџинија. Овој ланец на ресторани е распространет низ цела територија на Америка и е познат по добрата услуга и вкусниот Американски појадок. За оваа работна позиција бараме студенти со напреден англиски јазик и желба за љубезно услужување бидејќи е позиција базирана на бакшиш.
Исто така дел од нашата понуда за првиот саем на вработување е и добро познатата преубава Myrtle Beach со позиции housekeeping во хотелите на самото крајбрежје на Атлантскиот океан.
Светскиот бренд Courtyard by Marriott е уште едно од имињата кои ќе заблескаат на распоредот на работодавци на Коузон. За да можеме да им овозможиме на студентите незаборавно лето се погриживме и за тоа не само да бидат вработени во престижен бренд туку и да им дадеме шанса да живеат на едно од најубавите и најпопуларните локации на источниот брег во близина на Бостон – Кејп Код. Повеќе од 100тина студенти на Коузон секоја година ја избираат токму оваа локација бидејќи е во близина на големите градови Бостон и Њу Јорк а истовремено и располага со плажи и убава летна клима.
Како последна локација за првиот саем ја нудиме државата Maine која е најсеверната држава на источниот брег каде што ресортот каде вработуваме наши студенти посебно охрабрува студенти со познавање на германски јазик. Регионот New England е посебно зелен поради големиот број на врнежливи денови во годината и е познат по богатото историско минато.
Коузон секоја година прв ја започнува сезоната за Work and Travel програмата и испраќа повеќе од 700 студенти на размена на студенти во Соединетите Американски држави.
Единствени услови за аплицирање се да бидете редовен студент, да имате познавање на англиски јазик и желба да заминете, се друго оставете ни на нас.
Сите понуди можете да ги погледнете на нашиот веб сајт https://www.kouzon.mk/rabotni-ponudi-2015/
Ние создаваме стотици незаборавни лета секоја година, дозволете ни да се потрудиме едно лето од вашиот живот никогаш да не го заборавите.
Comments are closed.