ИЗЈАВА ОД РОДИТЕЛ – „ ДЕЦАТА СЕ СТЕКНУВААТ СО ЗДРАВИ НАВИКИ И СЕ МНОГУ СРЕЌНИ “
КОУЗОН КАМПС – 2015 , УШТЕ ЕДНО УНИКАТНО ЛЕТНО ДРУЖЕЊЕ ЗА СИТЕ ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА
Почитувани родители и кампери , јас сум Олгица Гавриловска родител на Илина Гавриловска која е кампер во летниот Коузон камп веќе 3 години по ред . Би сакала да го споделам моето искуство како родител со сите вас во однос на нејзинте лета поминати на овој начин.
Пред неколку години таа ми пријде со идејата за престој во овој камп при што бев по малку скептична.Од аспект на родител приоритет ми е моето дете кога е во странство да биде згрижено и пред се да се чувствува безбедно .Подоцна сфатив дека нема простор ни за најмала загриженост поради тоа што одговорноста и искуството кое го имаат вработените и лидерите кои се грижат за децата е беспрекорно и без ниту една грешка .
Пред се многу ми е драго што таа се спријатели со многу деца од различни држави од светот од различни националности, ги прошири своите перспективи кон светот , стана самостојна и многу поодговорна и секако научи многу нови убавини за различни странски јазици преку интеракција со професорите кои се донесени од Америка, Англија и Грција .
Според мене како родител мислам дека кампот овозможува секе дете да се стекне со здрави навики кои ќе му послужат за се понатака во животот , а и секако среќата која децата ја доживуваат таму за секој родител е бесценета .
Затоа топло ви препорачувам и вашето дете да биде дел од овој камп кој го овозможува агенцијата Коузон за која ги имам сите пофални зборови и ви гарантирам дека нема да погрешите во изборот !
Поздрав и убаво лето на сите деца ! www.kouzon.com.mk
За повеќе информации ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО КОУЗОН 02/323 88 01 или на е-маил [email protected]
Comments are closed.