ИЗЈАВА НА РОДИТЕЛ – „КАМПОТ Е НЕШТО НАЈУБАВО ЗА ДЕЦАТА ,ЦЕЛОДНЕВНО ДРУЖЕЊЕ, СПОРТУВАЊЕ , НАТПРЕВАРУВАЊЕ, УЧЕЊЕ АНГЛИСКИ ….. – ЕДНОСТАВНО НЕМАМ ЗБОРОВИ “
КОУЗОН КАМПС – 2015 , ОДИМЕ НА МОРЕ , ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП
Почитувани родители и кампери , Јас сум Елизабета Утевска родител на Радмила и Кристијан Утевски кои 4 години по ред го посетуваат летниот детски камп Коузон во Грција .
Најпрво сакам да ги дадам сите пофални зборови кон агенцијата за беспрекорно добрата организација на оваа програма и за исполнување на се она што ви го ветуваат пред да заминете .
Одговорните лица кои ги ангажира агенцијата за грижа на нашите деца се навистина на висина на задачата, 24/7 одговорни за нив и на нивно располагање за било какви потреби на децата .Безбедноста е на највисоко ниво , никој не смее да излезе од кампот без тим лидер , ниту пак надворешно лице несмее да влезе во кампот доколку лидерот не потврди дека тоа лице е родител на некои од децата кои се во групата.
Искуството кое јас како родител можам да го споделам со вас е прекрасно .
Најубаво од се е што целиот ден им е организиран , спортуваат , се дружат , учат јазици , се натпреваруваат и се забавуваат .
Спортовите се организирани од страна на кампот со професионални тренери по секој спорт одделно .
Најреќна сум кога ќе се вратат нашите деца исполнети со среќа , радост и преубави спомени за кои зборуваат цела наредна година се до следното нивно заминување.
Ви го препорачувам на сите овој вид на одмор за вашето дете бидејќи тоа што може да го доживеат и искусат тука сигурна сум дека нема да можат на одмор поминат со на ( родителите ) ! ☺
Поздрав до сите
[email protected] * за повеќе информации , или www.kouzon.com.mk
Comments are closed.