Learn English in London – Есен 2014
Искористете го есенскиот попуст од 25% и резервирајте го вашето место за англиски јазичен курс во Лондон!!!
Вашата идеална дестинација да го научите најзборуваниот јазик во светот додека патувате и ширите нови пријателства!!!
Зашто со Коузон?
- Oдлични предавачи со големо искуство
- Реномирани училишта
- Поволни цени
- Oдлична атмосфера
- Незаборавно искуство во една од најубавите метрополи
SPECIAL OFFER!!!
Цени од – 799 €
Понудата вклучува:
- дво-неделен јазичен курс по англиски
- повеќе опции за сместување
- обезбедени оброци
- пријателства
- незаборавно патување
Зошто изучување на англиски јазик токму во Лондон?
Лондон освен тоа што за мајчин јазик го има англискиот, важи за еден од највозбудливите градови во светот и е вистинска метропола, која може да пружи задоволство на секој студент, кој е дојден за учење на нови работи, но и доживување на незаборавни искуства. Тој е огромен град со мулти – културно население од околу 7,5 милиони. Лондон е главен град на Велика Британија, како и седиште на кралската фамилија и воедно центар на политичкиот, бизнис и финансискиот живот. Со самото тоа, како и со многубројните атракции и богатата историја, привлекува милиони посетители секоја година. И покрај тоа што е многу населен, овој град поседува големи зелени површини и прекрасни паркови, во кои уживаат и локалното население и посетителите од целиот свет. Лондон изобилува со историски и културни атракции, нуди одличен и надалеку познат ноќен живот за секаков тип на туристи, а воедно може да се пофали и со најнови модни трендови. Едноставно, совршено место да го запознаете англискиот јазик на автентичен начин.
Општи информации:
- Минимална возраст за запишување на јазичен курс по англиски е 16 години, со исклучок на групи кои се со придружба.
- Максималниот број на учесници во група изнесува 15, со што се добива максимално внимание и фокус од страна на предавачите кон секој учесник на програмата
- Курсеви има организирано во текот на целата година, со почеток во понеделник.
- Пред пристигнување во Лондон студентите прават online тестирање за да се одреди нивото на познавање на јазикот, а по доаѓањето се прави уште еден писмен тест.
Дополнителни трошоци:
- Доплата за такса за регистрација: 75€
- Доплата за такса за резервација: 32€
- Доплата за такса за резервација на сместување: 50€
Тип на сместување и цени по недела:
Опис на сместување во фамилии:
Оваа опција е можност да бидете сместени во Лондонска фамилија, која е одберена според нашите агенти партнери со долго искуство и притоа ви гарантираме топол пречек. Ова ви е одлична можност да научите повеќе за локалниот живот во Велика Британија и да го практикувате англискиот истовремено. Ова сместување овозможува да имате ваша сопствена соба, или да делите со друг студент. Како член на семејство, ќе имате право да ги користите сите простории во сместувањето, а освен тоа ќе имате заеднички оброци со семејството, во зависност од тоа дали ќе одберете ноќевање со појадок, или пак ноќевање со појадок и вечера.
Опис на тип на сместување – Студентски дом/ апартмани
Студентски дом е соодветен доколку сакате повеќе флексибилност. Има повеќе можности кај овој тип на сместување, со тоа што сите соби се чисти и удобни. Ова сместување вклучува едно – креветни или двокреветни соби, со бањи кои ги делите, или сопствени. Сите опции се со самопослужување, односно со кујна која ја делите (цел ходник), или со сопствена.
Сместување во куќа со други студенти:
Нашата партнер агенција поседува квалитетна селекција на куќи во зона 2. Овие куќи нудат добар стандард на соби за краток и долг престој на студенти кои бараат удобен и независен стил на живеење. Во куќите може да се сместат од 3 до 7 луѓе со заеднички простории вклучувајќи заеднички дневен престој/ бања, кујна, како и двор со градина во повеќето случаи. Во самите куќи има една до две бањи.
Напомени:
- Има еднократен надоместок за регистрација на сместување од 50ЕУР
- Twin собите (двокреветни) се достапни само за студенти кои патуваат заедно
- Резервација за сместување треба да се направи минимум една недела пред пристигнување.
- На ваше барање може да биде организиран трансфер од аеродром до сместување и назад.
Освен едукативниот дел, оваа програма има и забавен и социјален дел, во која повеќете активности се вклучени во цената, освен влезниците за театар и мјузикли.
Бесплатни социјални и културни настани:
- Фудбал и рагби
- Кино вечер со англиски превод
- Паб вечер
- Забава за добредојде
- Pub Crawl
- Посета на Национална галерија
- Посета на Британскиот музеј
- Тура низ Лондон
- Посета на Научниот музеј
- Пешачка тура во источен Лондон
Тури за кои се плаќаат влезници:
- Посета на музејот Мадам Тисо
- Buckingham Палата
- Лондонско Око
- Глобалниот Театар на Шекспир