Deutsche lernen in Wien – Лето 2014!!!
Можност која не се пропушта ова лето – две недели изучување на германски јазик во Виена, градот на музиката и културата по неверојатна цена во школа по највисоки стандарди!!!
ICH SPRECHE DEUTSCH. UND DU?
Детали за програмата:
Времетраење на курс:
две недели
Термин:
- Пристигнување: 3 август
- Заминување: 16 август
- 13 ноќевања
Тип на курс:
- Интензивен (20 часа неделно)
Распоред:
Понеделник – Петок 9.00 a.m. – 12.15 a.m. / 13.30 p.m. – 16.45 p.m.
- Часовите го имаат следниот тек / првата недела се наутро, а втората во попладневни часови
- На 15 август нема настава ( државен празник)
Големина на група:
max 15 особи ( затворена група)
Програма на активности за време на јазичниот курс:
Во рамките на германскиот курс, реномираната Cultura Wien школа каде се изучува курсот организира дополнителни активности, кои им овозможуваат на учениците да се среќаваат надвор од училницата, да се дружат, да го вежбаат нивниот германски и да се забавуваат. Пример за тоа што содржи културната програма на овој јазичен курс:
- 1 целодневна екскурзија до Wachau(Дунавската Долина)
- Посета на манастирот во Мелк, крстарење од Мелк до Дурнштајн, искачување до замокот на Дурнштајн.
- 1 попладне: организирана тура со водич низ центарот на Виена (3 часовна) Orientation tour through centuries of history.
- 1 попладне: Посета на забавниот светски парк Пратер
- 1 попладне: посета на палатата Schönbrunn, една од најубавите кралски палати во Европа, со посета на кралските соби и аудио – водич и целосна обиколка на барокот
- 1 попладне: посета на катедралата Св. Стефан
- 1 попладне: тура со велосипеди по Дунав (4 часовна). Изнајмување на велосипеди и возење по велосипедските патеки на Дунав.
- 1 попладне: организирана тура низ Културно-историскиот музеј (2 часа)
- 1 или 2 вечери: социјални активности
Сите активности се одвиваат со јавен транспорт, или пешачки.
Јавен транспорт:
- билет за 2 недели ( за неограничено користење на автобус, метро, трамвај во Виена)
Трансфер:
- 2 трансфери од/до аеродром со автобус
Сместување:
- Jugendgästehaus (полупансион)
- 13 ноќевања со појадок и вечера во Hostel Wien-Brigittenau.
- Учениците ќе бидат сместени во 2-4 креветни соби со тоалет.
- Jugendgästehaus е лоцирано во непосредна близина на рекреативната зона.
- „Donauinsel“ (островот на Дунав) со неговите спортски капацитети е исто така во близина.
- Шопинг центарот „Millennium City“ е многу близу до сместувањето.
- Сите Виенски железнички станици и аеродромот може лесно да се достигнат со јавен траснпорт.
- Центарот на Виена и школото каде се изучува германски јазик е на 15 мин (станица за трамвај пред самото сместување).
- Рецепцијата е отворена 24 часа. Гардероберите се заштитени со електронски систем
- Сместувачкиот капацитет е опремен со пространа градина, соба со кабелска телевизија, неколку простории за социјализација и забава, како и пристап до интернет.
- Кујната нуди и мени со три оброци, а студентите имаат можност да бираат помеѓу австриска кујна и вегетаријански оброци.
- Полупансионот почнува со вечера на денот на пристигнување и завршува со појадок на денот на поаѓање (13 појадоци, 13 вечери)
Цена по особа за две недели: 1140 € *
Во цената е вклучено:
- Курс по германски (20 часови неделно)
- материјали за учење
- сертификат по завршување на курсот
- 13 ноќевања во Пансион за млади (Jugendgästehaus) Brigittenauсо полупансион
- 2 трансфери од аеродром до сместување и назад
- 2 – неделен билет за јавен превоз
- Програм со социјални и забавни активности за време на престојот
*Во цената не е вклучено:
- пари за личен трошок, ужини, пијалоци, осигурување