ИНТЕРВЈУ ВО СКОПЈЕ
27 Мај 2014
Деновиве Скопје ќе биде центар на Балканот за вработување за најголемите и најпрестижни Cruises бродски Компании Royal Caribbean Cruises line , Celebrity Cruises and Azamara Club Cruises.
Во Скопје , од 27-29 Мај , ќе се соберат повеќе од 200 кандидати од Бугарија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина , Црна Гора, Хрватска и Македонија , кои низ процес на личен разговор со менаџерите за вработување од овие компании ќе се обидат да се изборат за добивање на работна позиција .
Работните понуди се разновидни т.е има отворени позици за вработување во ресторан, бар, хотелскиот и многу други оддели. Коузон се погрижи да ги избере само најдобрите кандидати за ова интервју. Сите избрани кандидати , веднаш по интервјуто ќе добијат потврда за вработување ( т.е која позиција за вработување им е доделена ) а ние ќе се обидеме во краток период да го организираме нивното заминување на работа ( која секако е најмногу посакувана ) .
Покрај во Скопје , Коузон ќе организира интервју и во Прага ( Чешка Република ) каде колегите од Kouzon Czech се потрудија исто така да го обезбедат најдоброто од тој регион (Чешка и Словачка)
Покрај актуелното интервју , Коузон има обезбедено термин за Skype интервјуа со овие бродски компании и во текот на месец Јуни и Јули.
Повелете аплицирајте,
Коузон Ве очекува ( [email protected] )
Comments are closed.