СПОРТОВИ
СКИЈАЊЕ
Боровец е популарен резорт, рангиран како еден од најдобрите во Балканскиот регион. Располага со голем број на капацитет и за скијачи и за оние кои не скијаат.
Часови со квалификуван инструктор
-
4h дневно (2 наутро, 2h попладне)
-
Почетно, средно и напредно ниво
-
Мали групи од 4 до 10 деца
Секако од голема важност за нас е да го утврдиме нивото на камперите и да се осигураме дека ќе уживаат во скијањето . Секако тоа ќе го направиме со пополнување на апликацијата, но и со тест проверка во самиот зимски камп на почетокот. Секојдневни состаноци ќе бидат одржани на дневна база со инструкторите да се утврди како напредува секој кампер. Доколку сметаат, нивото ќе биде сменето во текот на престојот.
Snowboard/ Бордање
Во последно време овој зимски спорт станува омилен кај помладата популација. Децата генерално го сакаат бидејќи нема многу правила и ограничувања, и секогаш има нешто ново да се проба. Секако добро е и за физичка активност.
Часови по бордање со квалификуван иструктор
-
4h дневно (2h наутро, 2h попладне)
-
Почетно, средно и напредно ниво
-
Мали групи од 4 до 10 деца
При пополнување на самата апликација секој родител ќе се изјасни околу нивото на спремност за своето дете. Но, и на самиот почеток на кампот ќе се направи тест и проверка на знаењето за дополнително утврдување.
Останати спортови:
-
Лизгање:
-
Санкање
-
Пливање (внатрешен базен Рила)
-
Војна со снежни топки
-
Правење на снежни фигури
-
Организирање на натпревар и игри на снег