ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО
-
Состанок на групата – 04:30 h пред Дрво Декор
-
Поаѓање во 05:00h. Патувањето ќе се одвива преку граничен премин Деве Баир.
-
Пристигнување околу 12:00h (локално време).
-
Сместување во 2/2 (четири креветни соби) –тип студио
-
Децата со себе треба да понесат важечки пасош и патничко осигурување ( основно, или осигурување од спортски ризик)
-
Задолжително полномошно извадено од МВР, или на нотар за деца помали од 14 год.
-
Секое дете треба да има пополнето апликација, потпишан договор и изјава во една од нашите канцеларии.
-
Уплатена целосна сума за програмата најдоцна 4 дена пред почетокот на патувањето.
-
Во вечерните часови ќе бидат организирани забавни активности како на пример: Welcome Party, Ноќно скијање, Вечер под маски, Прошетка низ резортот Боровец, итн.
-
За време на кампот, родители може да ги посетат своите деца.
-
Како во летниот, така и во зимскиот камп, децата ќе имаат надзор од Тим лидери, вработени лица во Коузон, водичи на групи на учесници во кампот. Тие лица како лидери ја имаат полната одговорност и обврска за координација и реализација на сите програмски активности во кампот.
-
Спасувачка служба на планината е достапна 24 часа на ден.
-
Медицинска помош: Амбуланта и прва помош има на скијачките патеки, додека целосно опремени болници, аптеки и забари достапни се во градот Самоков, кој е оддалечен 12км од Боровец. Сите услуги за забар и медицински услуги треба да се платат во готовина во клиниките. Тие треба да ви дадат потребни рецепти, апчиња, сметки и фактури па, соодветно сметките ги приложувате во осигурителните компании.
Типичен ден
-
Будење – 08:00 h
-
Појадок – 08:30 – 09:30 h
-
Скијање и спортови на снег – 10:00 – 12:00 h
-
Ручек – 12:30 – 13:30 h
-
Скијање и спортови на снег – 14:00 – 16:00 h
-
Базен – 17:00 – 18:00 h
-
Вечера – 18:30 – 19:30 h
-
Вечерни активности и диско – 19:30 – 22:00 h
-
Слободно време од 22:00 – 23:30 h
-
Легнување – 00:00 h