Почитувани родители,
Во прилог ви го доставуваме овој информативен лист со сите корисни информации за кампот.
Работи кои децата треба да ги носат со себе се:
1 куфер со топла облека: топли пижами, долна облека, прибор за лична хигиена (четка+паста за заби, чешел, шампон, пластични кеси за валкана облека), маици, 2 крпи за туширање (една за базен), капа, шал и ракавици за скијање, топли џемпери, зимски чизми, топла виндјакна, наметка, крема за сончање, костими за капење, 1 пар влечки (базен), топли влечки, чорапи, патики, спортска облека, скафандер (доколку скијаат), маска (за очи – организирана вечер под маски за сите кампери).
Дополнителна опрема
Опрема за цртање, книги, костими, музички инструменти , карти , ризик, монопол , не лути се човече – По желба)
Не се дозволени:
Остри – опасни или прескапи предмети, како што се видео игри, Mp3 плеери, камера, лаптоп итн*.
Се препорачува секое дете да носи 50-100 еур како џепарлак. Обично трошењето пари на децата обично се однесува на купување сувенири, дополнителни закуски и пијалоци за време на активностите, итн.
Забелешка: Кампот не е класичен одмор има програма која сите деца мора да ја следат и не се прифаќаат исклучоци за никого.
**Нашиот камп не презема одговорност доколку се изгуби некој предмет кој не бил доставен на чување.