ЗАШТО ЗИМСКИ КАМП ?
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот летен Камп во Грција ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски КОУЗОН КАМП .
Првичната иницијатива потекна од учесниците на летниот камп, кои презадоволни од дружењето, концептот на активности и грижата за перфектна организација покажана од страна на вработените во Коузон, констатираа, летната мисија е УСПЕШНО ЗАВРШЕНА време е за ново дружење во зимски ( ски ) амбиент.
Коузон ги следи и почитува барањата на сите свои апликанти ( учесници во програмите на Коузон ) па така и ова барање беше со радост прифатено од наша страна .
Како и во многу други активности, и овој пат, ја превзедовме одговорноста да го органзираме зимскиот камп и да создадеме традиција, која се надеваме дека ќе трае многу години.
Можеби е малку збунувачко кога го користиме зборот КАМП – ( пред се од причина што многумина ги асоцира на камп приколки или шатори) но нашиот зимски КАМП е хотел со 4 * сместен во прекрасниот амбиент на најреномираниот Ски центар во Бугарија, Боровец кој е уникатно место за дружење, забава, спортување, уживање. Така ќе го доживуваат сите овогодишни учесници на кампот.
Многумина од нив за прв пат ќе се одделат од своите родители, за прв пат ќе одговорни самите за себе, самите да се спремат за доручек, за прв пат самостојно да скијаат, за прв пат да стрелаат со вистински лак и стрела …….. за прв пат да бидат на зимски одмор сами …… Во се има за прв пат. А секој т.н прв пат се памети исто толку добро како и првата љубов !!!!
Затоа убедени сме дека на сите учесници на зимскиот камп ќе им остане во извонредно сеќавање и секако повторно ќе посакаат да бидат учесници на некој од идните Коузон Кампс.
За оние кои не биле со нас, само да споменеме дека Коузон има реализирано повеќе програми со учество на неколку илјади ученици од Македонија .
Побрзајте ……. Коузон Кампс 2015 Ве очекувa