Најдобар детски камп во Европа!
Коузон ја има честа да биде ексклузивен застапник за Македонија на овој најдобар спортско-едукативен камп во Грција и во регионов на сите Балкански држави.
Ние , како професионална ( и пред се одговорна ) Агенција , ја превзедовме обврската да ја развиваме традицијата за учество во летни кампови за неколку Балкански држави.
Покрај Македонија , Коузон успешно организира групи на деца и до Турција, Албанија, Србија, Словачка а во скоро време се надеваме на проширување и на неколку други соседни држави.
Коузон Македонија , има млад и амбициозен тим кој работи на промоција на програмата КАМП ВО ГРЦИЈА , кој покрај дневните активности во периодот на организацијата и припремата за заминување на камп , активно учествува во секојдневните активности во Кампот , заедно рамо до рамо со сите учесници ( деца ) на кампот .
Силните одлики на кампот се :
- ДНЕВНА ПРОГРАМА НА АКТИВНОСТИ
– СПОРТСКИ
– ЕДУКАТИВНИ
– ЗАБАВНИ - СОЦИЈАЛИЗИРАЊЕ СО ДЕЦА ОД ДРУГИ ДРЖАВИ
Во кампот има деца од сите Балкански држави , Русија, Полска, Германија и други ЕУ држави кои низ спортско едукативните активности имаат можност за дружење - РАЗВИВАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДУХ
– Се организираат наттпревари ( и забавни активности ) помеѓу групите од различни држави
– Се поттикнуваат активности за натпревар во исполнување на дневните камп активности - РАЗВИВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
– Одговорност кон секојдневните активности
– Одговорност кон доверените задачи
– Одговорност кон одржување на хигиена
– Одговорност за учество во група
ЗАШТО ДЕЦАТА ГО САКААТ КАМПОТ ???
Според сите изјави на досегашните наши учесници , учеството во оваа програма , за децата представува можност за осамостојување и заедничко живеење со свои врсници, дневна активност од најмалку 14 часа на ден , спортски активности какви што само може да посакаат, вечерни забавни со учество во спортски игри , театарски представи ….многу , многу активности …… едноставно и незаборавно летно искуство.
ЛЕТЕН КАМП ВО ГРЦИЈА …… место каде се развива спортскиот дух, ведрите насмевки се секојдневие , воздишки до бескрај од прекрасното опкружување , се добива максимална самодоверба , се градат нови вредности на карактерот, се создаваат нови пријателства ( а можеби и детски љубови ) , се постигнуваат спортски успеси ………. МНОГУ, различно искуство од се што предходно било кој од учесниците го имал или стекнал .
Од се погоре наведено , можеме да изведеме заклучок, ДА СЕ БИДЕ ВО КАМПОТ НЕ Е САМО ЛЕТЕН ОДМОР, НЕ Е САМО ЛЕТНО ДОЖИВУВАЊЕ , НЕ Е САМО КАМП – МНОГУ ПОВЕЌЕ Е ЖИВОТНО ( ДЕТСКО ) ИСКУСТВО КОЕ ЗНАЧАЈНО ПРИДОНЕСУВА ВО ИЗГРАДУВАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА И КАРАКТЕРОТ НА СЕКОЈ МЛАД ЧОВЕК……