- Возраст од 18 до 26 години
- Минимум средно образование
- Искуство со чување на деца – се докажува со препорака од семејства каде сте чувале деца или работно искуство во детска градинка или игротека
- Познавање на англискиот јазик на напредно ниво на комуникација
- Поседување на возачка дозвола и возачко искуство
- Да не сте осудувани или да не се води кривична постапка против вас ( се докажува со потврда за неосудуваност )
- Да не сте мажени или разведени со дете .
- Желба да се помине една година со Американско семејство
- Да бидете спремни за работно ангажирање до 45 часа неделно
- Да бидете одговорна личност која во целост ќе се грижи за доверените обврски во семејството каде ќе бидите сместени и ќе треба да се гришите за нивните деца
- Да знаете дека за време на престојот во семството во САД и доверената обврска за време на чувањето на децата ( воедно и возење на децата до школо и обратно ) несмеете да консумирате воопшто алкохол.
- Да знаете дека во случај на предвремено раскинување на договорот со Вашата Хост фамилија, Ваша е обврската да ја платите авионската карта за враќање во Македонија
- Да знаете дека несмеете да објавувате фотографии од децата кои ви се доверени на чување под никакви услови на ниту една социјална мрежа . Во случај на прекрување на ова правило можете да сносите законски консеквенци .Сите наведени општи услови се дел од посебен Договор за посредување кој ќе го потпишете со Коузон и кој е основа за започнување на Вашиот процес за заминување во САД и работно ангажирање како Ау-Паир ( Бебиситерка )