Најавеното отварање на Коузон Тунис вчера, на 6 март, покажа дека во Тунис веќе сме познати како професионална и одговорна компанија којаги отвора вратите за вработување на многу млади.
И покрај нашите големи очекувања, бројот на присутни кандидати на денешната презентација ги надмина сите наши предвидувања.
Салата во хотелот Дипломат во центарот на Тунис беше претесна да ги прими сите заинтересирани.
Имавме кандидати од цела држава Тунис , но и неколку кандидати од Мароко кои разбрале и дошле на презентација.
Мотивот за вработување на некоја од нашите програми беше огромен.
Поголем дел од присутните беа заинтересирани за работа на брод, но имаше и такви коисакаа да аплицираат за работа во Катар, Абу Даби и Дубаи.
Од присутните 100 ина кандидати ние веќе селектиравме еден дел за работа на брод.
Одлика на кандидатите од Тунис е нивното познавање на францускиот јазик и секако извонредното искуство од работа во 5 * хотели на Туниската ривиера.
Веќе е договорена следната средба со новите кандидати кои се пријавуваат.
Коузонќе биде повторно присутен со својот регрутерски тим на 27-30 март кога очекуваме повеќе од 300 нови апликанти.
Сите заинтересирани од регионот на Тунис и Мароко можат да аплицираат на [email protected]
Comments are closed.