Термин на поаѓање:
06, 13, 20, 27 Април; 04, 11 Maj
Итинерер : Италија, Франција, Балеари, Тунис од 399 €
Ден |
Пристаниште |
Доаѓање |
Поаѓање |
1 |
Savona (Italy) |
– |
16:30 |
2 |
Marseilles (France) |
08:00 |
16:00 |
3 |
Palma De Mallorca (Baleari) |
14:00 |
21:00 |
4 |
Cruising… |
– |
– |
5 |
Tunis (Tunisia) |
07:00 |
14:00 |
6 |
Palermo (Italy) |
08:00 |
18:00 |
7 |
Naples (Italy) |
08:00 |
14:00 |
8 |
Savona (Italy) |
09:00 |
– |
Опис на бродот:
Карактеристичен по раскошниот ентериер, дизајниран по 17 и 18 вековните сицилиски палати, Коста Медитеранеа е совршен за оние гости кои сакаат да бидат третирани кралски. Tоа е брод инспириран од италијанската елеганција, со фини детали и богатство на уметнички дела. Тоа што го прави Коста Медитеранеа посебен е дефинитивно нeговиот стил на мебел во ренесансен и барок стил, исполнет со уметнички дела. Овие карактеристики, надополнети со одличната забава, вкусната кујна која нуди голем избор, како и големата листа на останати активности го прави овој брод очигледен избор. Кога гостите ќе пристигнат на Медитеранеа, веднаш се пречекани од луксузниот Maschera d’Argento Atrium, како и високо-класниот декор на јавните простории на бродот. Штом веќе ќе бидат сместени, гостите може да посакаат да добијат релаксирачка масажа третман, или пак да се рекреираат во областа за аеробик и фитнес центарот. Други можни атракции за оние кои сакаат да бидат физички активни, одлична можност би биле 150м долгата трака за џогирање, како и тениското игралиште. Четирите базени нудат секојдневно разладување од жешкото сонце, а Казиното Canal Grande е полн погодок за среќниците. Доколку сакате да се забавувате, не го пропуштајте шоуто во Осирис Театарот, или пак да ја посетите дискотеката на две нивоа Селва, како и клубот Медуза.
Содржини:
На бродот може да се исхранувате во ресторанот на две нивоа Degli Argentieri, бифето Perla del Lago, пицеријата Posillipo. Пијалоци се служат во Roero Bar, Casanova Bar, Canal Grande Bar, Armonia Bar, Apollo Bar, Solarium Bar и Dioniso Bar. Дополнителни погодности на бродот вклучуваат Squok Club, интернет кафето, менувачница, шопинг центар, медицински центар, перална и слично.
- 1057 кабини вкупно, вклучувајќи: 40 велнес 620 со приватни балкони, 54 апартмани со приватни балкони и 4 велнес апартмани со балкон.
- 4 ресторани, вклучувајќи ги (Клуб Медуза и велнес ресторанот)
- 12 барови, вклучувајќи ги “Kоњак пури” и “Бар и вино Бар”
- 4 џакузи, 4 базени еден за деца и тобоган
- Ишија спа: фитнес центар, сауна, турска бања, УВА-зраци солариум, повеќенаменско спортско игралиште
- Театар на три нивоа, казино и диско, виртуелниот свет, плејстејшн забава
- Велнес Програмата е искуство што мора да се доживее барем еднаш во вашиот живот. Таа е посветена на луѓе кои се грижат за ум и тело, поставувајќи рамнотежа меѓу истите. Пријатното чувство трае во текот на вашета крстарење, претварајќи се во незаборавен спомен.
- Велнес центарот Ишија е рај исполнет со интимност и тишина кои ќе ги обнови вашите сетила меѓу хидромасажните базени и сауната, парната соба и целосно опремената вежбална. Третманите се иновативни и насочени, со многу различни алтернативи да се грижи за вашето лице и тело.
Тип на кабина |
Цена по лице 06,13,20,27 Април 04,11 Мај |
Пристанишна такса |
внатрешна (кат. Classic) |
399€ |
130€ |
внатрешна (кат. Premium) |
449€ |
130€ |
надворешна (кат. Classic) |
499€ |
130€ |
надворешна (кат. Premium) |
549€ |
130€ |
балконска (кат. Classic) |
599€ |
130€ |
балконска (кат. Premium) |
649€ |
130€ |
3/4 возрасно лице |
200€ |
130€ |
деца до 18 год. со двајца возрасни |
бесплатно |
130€ |
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Полн пансион (3 главни оброци + 3 меѓуоброци);
- Користење на базени, сите забавни активности и анимации, aнимација за деца, сауна, фитнес…
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за еднокреветна соба +30%;
- Задолжителна награда, бакшиш (tips): 8€ по ноќ по лице – возрасни; 4€ по ноќ-деца 4-14г.
- Паркинг на пристаниште: (9€-13€) од ден
Comments are closed.