Со првите работни денови од 2014 година , Коузон ги започна активностите за вработување на кандидати од Регионов за бродските компании со кои работиме.
На 9 Јануари , реализиравме интервју со менаџерите од Фото Департмент од MSC Cruises .
Честа да имаат интервју имаа кандидати од Македонија , Турција , Бугарија, Србија , Црна Гора и Босна и Херцеговина .
Деновиве се очекува интервју за повеќе работни позиции во Duty Free Shop Department и повторно за MSC – Cruises .
Од 20 Јануари , ја отвараме сезоната на интервјуа со Менаџерите за регрутација на Royal Caribbean Cruise . Веќе се закажани повеќе SKYPE интервјуа за повеќе работни позиции.
За почетокот на Фебруари – најавуваме интервју за Princess Cruises кое по традиција ќе се одржи во Белград .
За крајот на Фебруари , очекуваме да се органзира интервју и за NCL .
Во меѓувреме , Коузон превзема активности да ги обнови договорите за вработување на наши кандидати за најголемите River Cruises компании од Европа .
Се надеваме дека и овие интервјуа ќе се реалзираат во текот на Фебруари и Март….
Ако се земе се во предвид , доаѓаме до заклучок дека ни предстојат многу активности и многу можности за вработување на кандидати од сите Држави каде што Коузон Корпорација има свои активности и свои канцеларии .( вкупно 13 Држави )
Процесот на аплицирање е отворен за сите Вас …..
Повелете аплицирајте , патувајте и заработете , бидете дел од светскиот џет сет ….. Коузон вработување е Ваш сигурен партнер
Comments are closed.