На големиот верски празник Cв.Никола на 19 Декември ( кој е заштитник на морепловците и патниците ) , Коузон во Белград реализираше интервју за бродската компанија PRINCESS CRUISES .
Кандидати од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора , поминаа SKYPE интервју со менаџерите за вработување од оваа бродска компанија .
Задоволството беше обострано – на кандидатите за тоа што добија можност да имаат интервју пред нова година ( и можност да заминат на брод веднаш на почетокот на 2014 ) , на бродската компанија – затоа што во многу краток период им обезбедивме кандидати со извонредни квалификации и желба за работа .
Активностите со оваа бродска компанија ќе продолжат веднаш во 2014 година и тоа на почетокот на фебруари , за кога е закажано ново интервју во Белград
Comments are closed.